Завршува сезоната на жетва на сончогледот, полека почнува складирањето на пченката. На прашањата, како на комбајнот да ги прилагодите адаптерите за сончогледот, така што да можат да се користат за пченката и како воопшто да ги поставите првите, одговара Дарко Маринковиќ од село во близина на Младеновац, кој со години веќе се занимава со обработување на земја и ја поседува целата потребна земјоделска механизација.
„Постојат три видови на адаптери: првиот подразбира ставање „даски“ на житниот адаптер, односно адаптерот за пченица, после завршената сезона, потоа постои адаптер само за сончоглед и трета опција е адаптација на пченкиниот адаптер за сончоглед. Последниот е најкористен“, вели Маринковиќ.
Сите три опции подеднакво добро го собираат сончогледот, но житниот адаптер, постигнува најголем ефект, а најмал оној кој е наменет исклучиво за сончоглед. Исто така, предноста на пченкиниот адаптер во однос на останатите адаптери е заорувањето на жетвените остатоци со помош на ротирачка сечалка, што подоцна ги намалува дополнителните трошоци за обработка на земјата. Во текот на жетвата неможат да се појават никакви проблеми со адаптерите, ако истите се добро поставени, но оваа година посебен проблем претставува плевелот во нивите.
„Оваа сезона, посебен проблем правеше амброзијата која во некои ниви беше поголема од сончогледот, а која не можеше соодветно да се третира. Во тој случај доаѓаше до заглавување на ножот кој ја сече главата на сончогледот“.
После завршувањето на жетвата на сончогледот, во втората половина на септември, потребно е адаптерот да го прилагодите на симнување на пченката. Тоа значи да го адаптирате барабанот на комбајнот, да ја замените житната или пченичната корпа со таа за пченка и да го заблендирате барабанот на комбајнот со бленди, а потоа и да ги замените ножевите за сончоглед и да ги вратите плочите за сечење.
„Плочите за сечење треба да се прилагодат на дебелината на стеблото на пченката, во спротивно може да дојде до заглавување, а на барабанот потребно е да го прилагодите бројот на вртежи за сончоглед, односно од пченката 1000 – 1100 на 200 до 400, додека пченицата се жнее до 1100 вртежи, објаснува земјоделецот.
Во текот на жетвата на пченката, застој може повторно да направи огромната заплевеленост на нивата, која ги оштетува самите ротосечила, а од оптеретувањето може да страдаат и каишите. Големи оштетувања може да предизвика и дрво или камен во нивата, при што ножевите може да пукнат. Поради тоа, се препорачува земјоделците задолжително да имаат резервни ножеви, кои ќе може да ги заменат после пукањето на веќе поставените. После завршувањето на сезоната, важно е, на адекватен начин да се отстранат адаптерите и да се подготват за следната година.
„Кој било адаптер и да е во прашање, кога сезоната ќе заврши, потребно е да се исчисти приклучната машина, добро да се подмачка и да се остави на сув простор, во гаража и/или пак да биде покриена. Корозијата е најголем причинител на проблеми за со машините уште на првиот ден од жетвата. Доколку машините се остават надвор, да се искиснат, водата која влегува внатре, може за една година да предизвика корозија и понатамошни проблеми во текот на жетвата“, предупредува Маринковиќ.
Валентина Соколовска
за Зелена берза