fbpx
Вести

Протест на земјоделците во Свети Николе

zemjodelci

150 земјоделци од Свети Николе со 40-тина трактори го блокираа централното градско подрачје во знак на протест против новата политика на министерството за земјоделие. Имено, досега за секоја различна култура засеана на површина до 10 ха ги следуваше 100 % субвенции, а со новата одлука 100 % субвенции ги следува за сите посеани култури до 10 ха. До 50 ха субвенциите се намалуваат на 60 %.

– Со ова не се погодени малите земјоделци, туку професионалните земјоделци кои го носат најголемиот товар во земјоделието-изјави АНЃЕЛЧО СТОЈЧЕВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА „ОВЧЕПОЛСКИ ФАРМЕР“ .

Со парите од субвенциите земјоделците купуваат нафта и репроматеријали, па со кратењето на финансиските средства сметаат дека им е зададен тежок удар на семејните економии.

– Ако сега тие пари што ги имаме како загуба од субвенциите ги надополнуваме од готовиот производ за нас нема да остане ништо, додаде СТОЈЧЕВ.

Друг е проблемот, што и самиот ресорен министер призна, дека 91 вештачко ѓубриво кои ги користат македонските земјоделци се фалсификат.

– Не ги кажа кои се, затоа што ние требаше да поднесеме барање за оштетување, но тој не ги кажа. Ние сме оштетени, фрламе ѓубре, а немаме резултат, а нема резултат ниту од семенската пченица-изјави НОВЕ АНАСТАСОВ, ЗЕМЈОДЕЛЦ ОД СВЕТИ НИКОЛЕ.

Како трето, бараат укинување на банкарската гаранција за закуп на земјоделското земјиште, чија почетна цена за лицитација изнесува 97 евра за хектар.

– Ако 2 години не се плати концесијата, нека се раскине договорот и нека му се земе земјата-изјави Анастасов.

Доколку министерот не им излезе во пресрет на нивните барања, овчеполските земјоделци најавија генерален штрајк со блокада на патиштата.


 

сител

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close