fbpx
Вести

Неизвесна е есенската сеидба во Струмичко

Само 20 проценти од површините планирани за есенска сеидба со пченица, јачмен и ‘рж се засеани, а останатите не се ниту подготвени за сеидба, велат земјоделци од Струмичко.

Тие не паметат толкава долготрајна суша во овој период од годината. Само на одредени парцели, кои се близу до вода или имаат повеќе влажност, се заоруваат нивите. Но, и покрај тоа позади тракторите се крева облак од прав.

Според Коце Божиков, земјоделец од село Дабиле, од сушата не може да се изорат нивите и затоа невозможно е да посеат нивите со житни култури.

-Ретко се гледа трактор во полето. Ако не заврне не знам што ќе правиме. Доколку не завршиме до крајот на месецот и не заврне дотогаш, тогаш ќе нема жито во Струмичко. Спасот ни е само во дождот, рече Коце Божиков земјоделец од село Дабиле.

Додава дека за разлика од житото, засејувањето на пролетната зелка во леите засега оди без проблеми, бидејќи за ова активност не е потребна поголема количина вода.

И според Ристо Велков, претседател на Сојуз на синдикат на зејодлеци од Струмица, есенската сеидба ќе се пролонгира се додека не падне дожд.

-Нема логика да се сади на сува почва, бидејќи семето нема да изникне, а и птиците ќе го изедат. Оптималниот рок е до 20 овој месец, но како што е состојбата со временската прогноза тешко дека дотогаш ќе почне есенската сеидба, рече Ристо Велков.

Експертите го делат мислењето на земјоделците и додаваат дека повеќе од 90 денови нема дожд.

-Почвата не може да се обработува поради лошата хидролошка состојба. Без нејзина обработка не може ниту да се помислува на сеидба и тоа ниту на житните, ниту пак на градинарските култури. Оптималниот рок за есенска сеидба е блиску и тешко дека земјоделците ќе стасат да направат нешто, бидејќи во најдобра систуација штетите се неизбежни, вели д-р Ристо Вучков, експерт за заштита на растенија.

Инаку, во Струмичко годинава е планирано да се засеат 4,5 илјади хектари под житни култури.

 


 

a1on

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close