ЗЕЗ „Зелена берза„ во склоп на своите програмски активности на 20 декември ќе организира „Есенски саем“ за промоција на земјоделското производство . во рамки на манифестацијата ќе се одржи и панел дискусија „Агро бизнис муабети“. Дискусии, прашања, муабети, дружење, се на едно место во Хотел Премиер ( Лавчански пат) . Осум панелисти ќе презентираат актуелни теми од земјоделството и ќе се обидат да ги рзрешат дилемите и прашањата на присутните. На панел дискусиојата ќе бидат застапени следниве теми и презентери:
„Даночни предизвици за 2019 година “, презентер м-р Злате Муневски, даночен советник во УЈП РД Битола,
„Легализација на бесправно изградени објекти – фарми “ презентер Горан Бурески, правник во одделение за урбанизам во општина Битола,
„ Можностите на ИПАРД 2 програмата – Инвестиции во материјални средства на земјоделско стопанство“ , презентер Андреа Соколовски , советник во АПРЗ Битола
„Болести на папците и влијание врз млечноста кај кравите“, презентер доц. д-р Мими Ристевски, декан на Ветеринарен фкултет Битола
„Хигиена на млеко“, презентер Андреа Соколовски, советник во АПРЗ Битола
„ Анализа на почва“, презентер дипл. инж. агроном Зија Саидов, директор на лабораторија „Проанализ“ Струмица,
„Ѓубрење и заштита, важен предуслов за квалитетно земјоделско производство“, презентер дипл. инж. агроном Андреа Игњатовски, Алкалоид Скопје,
„Економското здружување – предизвик за земјоделците“, презентер Менде Ивановски, претседател на „Македонска асоцијација на земјоделски задруги“.
На саемот ќе бидат присутни 16 фирми и поединци кои ќе ги изложат своите производи и услуги. Рзни видови сирења и кашкавали, органски мед и останати пчелини производи, буковска пипер, цвеќиња и други растителни билки,подобрувач на почва и други хемиски производи. Ќе изложуваат членови на „ Слоу Фуд“ Битола, „Пчеларник БН“ Дихово, „Хоризонти микрокредитирање“, „Проанализ“ Струмица , „Скопски легури“ Скопје, Игор Поповски – „Слоу фуд“, Пчеларник БН – Дихово, Даниела Мандровска „Слоу фуд“, Елена Каровска „Слоу фуд“, „Пресил цвеќара“, „Алкалоид“ Скопје, „ СН Осигурување “ Битола, Ѓоре Захарчев – Кавадарци, Илчо Даскалоски – Мало Коњари Прилеп, „ Синпекс“ Битола, „ Агрина“, ЗЕЗ„ Зелена Берза“ – Битола, Менде Трајковски пчелар .
Во една релаксирана предновогодишна атмосфера заинтересираните ќе имаат можност да вкусат дел од производите и секако да наздрават за сегашни и идни успеси. Настанот е закажан за во 10 часот.
П.Ј.