Временските услови во февруари се променливи. Се карактеризираат со
повремено затоплување како најава за доаѓањето на пролетта, како и со остри
заладувања, типични за зимските месеци. Месечната амплитуда на температурните
осцилации е релативно голема (од минус 35 степени до плус 28 степени). Просечната
месечна температура на почвата се движи помеѓу -1 и 3 степени. Врнежите во текот на
овој месец се релативно малку – околу 30-40 л/м
2
. Сонцето е сеуште ниско, полека се
зголемува осончувањето како и сончевите денови, а се намалуваат облачните денови и
релативната влажност. Денот трае 10,33 часа. И во февруари преовладуваат мрачните и
типичните за зимата ладни денови, но во споредба со јануари деновите кога има можност
сè повеќе да се работи на полето. На крајот на месецот во одделни области на земјата
почнува развојот на некои од овошните и јагодестите растенија, а заедно со тоа и
развојот на предизвикувачите на болести и штетници.
Овоштарство
Во февруари треба да продолжат мерките за заштита започнати во јануари.
Резидбата, која започнува кај јаболката и крушите, како овошки најотпорни на студ, сега
продолжува кај црешите, вишните, праските и кајсиите. Бидејќи раните кои настануваат
при резидбата зараснуваат потешко во студеното време, тоа предизвикува опасност од
измрзнување. Местата каде се извршила резидба треба да се премачкаат со мрсни бои
за заштита од заразување со болести и штетници. Резидбата треба да заврши до фаза
бабрење на пупките.
Кај малини, капини и рибизли, кои се одгледуваат на повисоките места, се врши
резидба за отстранување на старите, слаби, неразвиени и болни изданоци (гранчиња).
Тоа е најдобро да започне да се врши во средината на месецот и може да продолжи и во
текот на месец март. Во некои области на земјата по поминувањето на зимските мразеви
се врши зимско прскање (обично второ по ред) против презимните стадиуми на голем
број штетници на овошните култури. Тоа е корисно особено за старите дрвја, каде има
акумулација на зараза од некои економски важни штетници како што се штитести вошки,
овошни пајаци и др. Кај јаболчестите видови зимското прскање е насочено пред сè против
зимските јајца на црвениот овошен пајак, лисните вошки, крушковата болва и др. Кај
коскестите овошки и особено каj праската потребно е да се изврши прскање со: 2%
бордовска чорба; 0.3% Тирам; 0.3% Фунгуран; 0.3% Шампион. Кон последните три
препарати може да се додаде и масло за уништување на презимните форми на некои
штетници. Зимските прскање се најефикасни, кога се вршат непосредно пред бабрење на
пупките до фаза „глувчи уши“. Кај одделни овошни култури овој период започнува во
средината на февруари и трае до почетокот на март.
Лозарство
При поволни временски услови во февруари продолжува грижата за лозовите
насади. И во овој зимски месец штетниците се во состојба на мирување под кората на
лозите, во основата на кордуницата и најмногу во папките. Затоа се препорачува чистење
на старата кора по кордуницата и рамените гранки на лозата. Се режат се изнесуваат и
се горат заболените делови, за да се уништат презимните форми на антракозата,
црвениот овошен пајак и други штетници. Во овој месец продолжува и грижата за
лозовиот саден материјал. Треба периодично да се проверува и да се отстрануваат
заразените лози за време на неговото чување. Да продолжи одржувањето на оптимална
температура, влажноста на воздухот и на песокот во просторијата каде што се чува
лозовиот саден материјал.
Зеленчук
Со бројот на ладни денови февруари е на второто место по јануари. Поради оваа
причина зеленчуковите култури може да се одгледуваат само во заштитени објекти. Во
овој месец продолжуваат грижата за расадот во оранжерии и за пикираниот расад во
леите. Се врши сеење на домати, пиперки, модар патлиџан, рана зелка, салата и др. за
производство на расад. Се пикира расадот што бил засаден во текот на јануари. Почнува
сеидбата за кромид за производство на арпаџик или директно за главици од кромид. Се
прават првите активности за расад од лук, така што пред сеидбата треба да се изврши
третирање со фундазол за заштита од инфекција од бело гниење, сива мувла,
фузариозно венење и др.
Семињата на доматите, пиперките и модрите патлиџани се третираат со
фунгициди: – 1% бордовска чорба; – 0.1% Топсин М. Се расфрлаат мамки против Попово
прасе. При првата можност при затоплување, расадот од луковичестите култури се
прихранува со амониум сулфат, по што почвата се разровкува, за да се зголеми
аерацијата. Ова мерка го спречува развојот на сивото гниење. При затоплување на
времето може да се пристапи кон садење на компири. `Ртените клубени се прегледуваат
за болести од гниење и фитофтора. Гнилите клубени се отстрануваат. При сомневање
дека има зараза, добро е пред садењето на клубените, истите да се потопат во раствор
од 0,1% Топсин М. Во сончевите денови при крајот на месецот започнува појавата на
штетникот лукова мува. За борба против овој штетник се врши третман со: – 0.02%
фастак; – 0,04% Нуреле Д; – 0.05% Би 58. Тоа прскање треба да се повтори уште 2-3 пати
во интервал од 6 до 10 дена, во зависност од временските услови во март.