вести

Хрватите со рекордно производство на мандарини – се плашат дека нема кој да ги купи

Заради ембаргото на ЕУ кон Русија, но и можноста турските мандарини наместо на рускиот пазар да завршат во другите европски земји, хрватското производство на мандарини може да извиси

hrvatite so rekordno proizvodstvo na mandarini se plashat deka nema koj da gi kupi

 

Доколку не се случат некои елементарни непогоди, оваа година во Хрватска се очекува рекорден принос на мандарини, пишува порталот jutarnji.hr. Според најлошото сценарио, на пазарот ќе се појават 85.000 тони мандарини, односно 15.000 тони повеќе од рекордната 2013 година, а според оптимистичката прогноза, ќе се наберат дури 95.000 тони од неретванската мандарина. Причина за овој оптимизам е долгиот период на цутење годинава, од 20 дена, за разлика од минатата, кога мандарините цутеле само три дена. Освен тоа, род даваат  и новите насади подигнати пред седум години.

Големите количини ќе создадат проблеми во пласманот, затоа што, како што стојат работите, нема да дојде до отворање на рускиот пазар, кој што до воведувањето на ембаргото од страна на ЕУ, беше сигурен пазар за хрватските мандарини. Ситуацијата дополнително ја закомпликува и затегнатиот однос помеѓу Русија и Турција, која што е голем производител на мандарини. Турција на рускиот пазар во 2014 година пласирала 130.000 тони мандарини, а оваа количина ако не се поправат односите со Русија ќе ги пласира на пазарите на останатите европски земји, со што ќе се загрози пласманот на хрватските производители, пишува jutarnji.hr.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close