fbpx
ВестиТоп вести

Пчелата – пријателот на земјоделецот

 

Пчелата има суштинска улога во опрашувањето на расцветаните растенија, вклучувајќи ги и насадите. Најпосле, една третина од храната што ја јадеме зависи од опрашувањето, вклучувајќи ги бадемите, јаболката, бобинките, краставиците и бостанот.

Додека земјоделците се справуваат со предизвикот да обезбедат повеќе храна за растечката популација, пчелата се соочува со свои сопствени проблеми. Необјаснетиот пораст на смртни случаи кај пчелите – главно поради високите зимски загуби во колониите во ЕУ и ‘Синдром на исчезнување на пчелите’ (ЦЦД) во САД – стана проблем кој загрижува.

Иако има 45 процентно зголемување од 1961 година на одгледуваната популација на пчели низ целиот свет, некои одгледувачи на пчели неодамна имаа сериозни загуби во Европа, САД и други места. Во САД возрасните пчели исчезнуваат од колониите од 2006 година; ја напуштаат матицата, нивното легло и резервите од храна што е појава наречена ‘Синдром на исчезнување на пчелите’ (ЦЦД).

Во меѓувреме, бројни одгледувачи на пчели во Европа имаат доживеано невообичаено високи загуби кај колониите со пчели во зимскиот период од ’90-тите години од минатиот век. Во периодот од 2002 до 2010 година, доверливи анкети ги проценија загубите кај колониите помеѓу пет и 35 проценти, а врвот беше достигнат во зимата 2002/03 година. Во контекст на ова, загубите од околу десет проценти, претходно ќе се сметаа како вообичаени.

Настрана од ова, има повремени извештаи за труење на пчели, предизвикани од луѓе што погрешно ги користат производите за заштита на култури. BASF ја признава важната улога на пчелата за земјоделците и производството на храна и е целосно посветена на здравјето на пчелата. Во сè што правиме, ние ќе го исполниме нашиот дел на грижа за животната средина и ќе оставиме позитивно наследство за идните генерации.

Меѓусебно поврзани фактори

Постои растечко верување дека бројни фактори, вклучувајќи паразити, болести, исхрана, практики за пчеларство, временски услови и генетика може да се комбинирани да го доведат во прашање преживувањето на пчелите. Паразитите и вирусите може лесно да се рашират во денешниот исклучително поврзан свет. И штетникот Varroa (паразитски крлеж и носител на вируси) и Nosema spp. (паразитска габа) го ослабуваат имунитетот и здравјето на пчелите. Како резултат на тоа, многу вируси – за кои претходно не е познато дека предизвикувале симптоми на лошо здравје кај пчелите – станаа фатални.

Ограничената генетска разновидност на пчелите – размножување од ограничен број на линии за да станат помалку агресивни и попродуктивни – исто така можеби влијаело на имунитетот. На пример, проценето е дека целата популација на пчели во САД може да се следи наназад до 500 матици. Модерното земјоделство исто така ја има намалено разновидноста на поленот низ земјоделските предели, влијаејќи на исхраната на пчелите и исто така на имунитетот.

Комерцијалните пчелари треба да ги пренесуваат кошниците на долги растојанија. Во текот на патувањето, пчелите се затворени во непосредна близина една до друга што предизвикува дополнителен стрес. За дополнителни фактори некои ги сметаат и проблемите поврзани со климатските промени, очигледни во скорешните поостри зими и повлажна пролет. Дури и младите пчели што ќе преживеат често страдаат од влијанија врз здравјето.

Проактивен пристап

Според Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА), секаква поврзаност повлечена помеѓу губењето на колониите со пчели во текот на зима и користењето пестициди е ретка. Ова е поддржано со независните истражувања во Германија и Франција што ги разгледуваат долгорочните влијанија. Сепак, индустријата треба да остане внимателна. BASF работи непосредно со партнерите за да истражи секаков сомнеж за влијание на пестициди како и во помошта да се запре погрешната употреба на производите за заштита на земјоделските култури.

Валентина Соколовска

за Зелена берза

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close