fbpx
Вести

Минатата година 17 ладилници и млекарници изгубиле лиценци за работа

Ладилници, капацитети за преработка со храна, кланици, но и млекарници се само дел од 17-те оператори со храна што лани ја изгубиле лиценцата за работа. Некои од нив не исполните технички услови за работа, други пропаднале и отвориле стечајни постапки, а на трети решенијата им биле укинати од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство. Според Годишниот извештај од 2014 година на Агенцијата за храна, евидентирани се 276 одобрени фирми со основна дејност производство на храна. Повеќето од нив се месарници, но има и специјализирани продавници и капацитети за производство на млеко, јајца и риба. Извештајот за 2015 година с` уште не е од објавен. Според Законот за безбедност на храната, ако Агенцијата за храна утврди сериозни недостатоци или операторот со храна повеќепати го прекинал производството или одобрената активност на еден објект и не може да обезбеди гаранции за натамошно производство, тогаш почнува постапка за бришење на регистрацијата или за укинување на одобрението во согласност со одредбите од Законот за безбедноста на храната.

12D8305F-7690-4E42-8909-4221F0B029D4_mw1024_n_s

Се затвараат стари, се отвораат нови

– Минатата година Агенцијата за храна укина 17 решенија за одобрување објекти и оператори за производство, обработка и манипулација со храна од животинско потекло поради деловно-технички причини на операторите со храна. Kај некои од нив започната е стечајна постапка, престанок на работа на одобрената активност и раскинување на договорот за закуп за објектот поради преселба на операторот од објект под закуп во сопствен објект и слично. Kај дел од фирмите има затварање и од финансиски причини, односно не може да продолжи да работи – велат во Агенцијата. Од таму објаснуваат дека кај 5 објекти – ладилници, решенијата за работа минатата година биле укинати бидејќи не продолжиле со процесот на преструктурирање, односно осовременување на објектите. Ова им беше обврска во согласност со Европската регулатива.

– Во согласност со неа операторите со храна од животинско потекло мораа да се усогласат со барањата од новите критериуми и барањата на Европската Унија. Kај нив лани е извршена регистрација и тие сега работат како магацини под термички режим – велат во Агенцијата. Од таму велат дека лани ги укинале решенијата за седум објекти и оператори со храна кај кои е констатиран прекин на одобрената активност, односно самите оператори со храна престанале да работат.

minatata godina 17 ladilnici i mlekarnici izgubile licenci za rabota

Строги правила

Според Законот за безбедност на храната, решението за работа кај операторите со храна се укинува и ако операторот престане да ја врши одобрената дејност производство, преработка или складирање производи од животинско потекло. Решението се укинува и ако кај некои од објектите веќе бил констатиран привремен прекин на работа максимум до една година, а операторите со храна по истекот на тој рок се уште не ги исполниле потребните услови за да продолжат да ја вршат дејноста.

– Во споредба со 2014 година, кога објектите што останале без лиценци се само на нивно барање, годинава има и одземање лиценци поради неисполнети услови за работа. Во 2013 година, пак, главна причина за бришење од регистарот биле неисполнување на хигиенските барања што ги налага системот за безбедност на храна, како и сериозни недостатоци во самото производство. Тогаш повеќето од нив имале и повеќекратно прекинување на производството по кое операторот со храна не може да обезбеди гаранции дека повторното рестартирање на процесот ќе биде безбедно – стои во извештаите на Агенцијата.

mleko_5

Расте трендот за отворање месарници

Ако се анализира списокот со одобрени објекти за храна, може да се види дека за една година најмногу се отворени продавници за месо и млеко. Од над 150 нови фирми кои работат со храна, најмногу регистрирани има месарници и рибарници, а има и продавници специјализирани за производство на млечни производи и јајца.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close