вестиМакедонијаРурална ЖенаТоп вести

Организација на жени Битола со акција за подобро женско здравје

Организација на жени Битола со акција за подобро женско здравје

Организацијата на жени на Општина Битола во соработка со Клиничката болница Битола, ќе ја спроведе акцијата „Март месец на мамографија“. Станува збор за активност која е дел од Програмата на ОЖ Битола  во која е предвидено да се снимат на мамограф 60 жени. Акцијата е  БЕСПЛАТНА и со неа ќе бидат опфатени жени над 50 години. Како што велат од оваа женска организација целта е да се поткрене свеста за женското здравје посебно во руралните средини. Не случајно е избран месец март, кога се слави празникот на жената.  Ова е по повод  во текот на цел месец  март, освен традиционалното оро во кафана  да се направи нешто повеќе за  жените.

-Ги охрабрувам сите кои досега не се снимиле на мамограф, а имаат над 50 години, да се пријават кај мене со име и презиме и датум на раѓање. Предност ќе имаат жени од руралниот дел на општините  Битола, Новаци, Могила и Демир Хисар. Доколку вие или некоја ваша познајничка сака да биде снимена, ќе ја вклучиме во нашата активност, вели Светлана Петковска претседател на организацијата.

Пријавувањето за оваа акција направете го кај Светлана Петковска на нејзиниот ФБ профил или на тел. 070/312 171 каде договорно  ќе бидат одредени термините за снимање.

 

П.Ј.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close