Етно концертот кој се одржа на излетничкото место на река Коњарка с. Скочивир привлече голем број на посетители и гости од пелагонискиот регион и наши иселеници од општина Новаци .
Овој несекојдневен настан во рамките на Културно-забавно Лето Новаци 2019 го посетија околу 1000 посетители кои во една пријатна и релаксирана атмосфера и прекрасен излетнички амбиент уживаа во етно звуците и убавата македонска песна .
За убавото расположение се погрижија група Рудина , група Ѓердан како и популарните пејачи Ирена Спасовска и Марјан Коцев .
Со една ваква дисперзија на културните настани од културното лето придонесуваме за зголемување на бројот на посетители и туристи збогатувајќи ја туристичката понуда за општина Новаци .
Излетничкото место на река Коњарка станува топ дестинација за прекрасен викенд одмор , а тоа го дозволува и сега пристапниот ново асфалтиран патен правец до самото излетничко место .
Следен настан е фолклорниот караван “Разиграна општина Новаци” со учество на повеќе фолклорни друштва и ансамбли од Пелагонискиот регион и со специјални гости -групи од странство кој ќе се одржи на 28.07.2019 ( недела ) со почеток од 19 часот во неколку села во општина Новаци и централен настан со дефиле во 21 часот во Дворот на општина Новаци .
З.Б.