fbpx
ВестиЕкологијаТоп вести

Злоупотребата на река Пена го нарушува целиот еко систем на Шара

 

 

Бујната брза и пенлива Пена во месец ноември стана мало поточе. Самите фотографии говорат во каква состојба е оваа шарпланинска река.

 

Граѓаните велат дека не паметат ваков низок водостој на реката. Сушниот период е еден од главните проблеми за намалената издашност,  но голема улога тука игра и човечкот фактор.

Реката има најнизок водостој во нејзиниот горен тек каде работи најстарата хидроцентрала во Македонија ХЕЦ Пена Тетово. Оваа хидроцентрала ја зафаќа водата од браната лоцирана над месноста Бањиче и преку големи цевки ја носи над речното корито се до објектот на хидроцентралата кој се наоѓа на 2 километри подолу.

 

Така во должина од 2 километри оваа река е длобока едвај неколку сантиметри

Дополнителен проблем е што дел од водата од оваа река се користи за новиот тетовски водовод, кој се пушти во употреба пред неколку години

 

-Река Пена беше силна и моќна река, сега видете што стана од неа. Не може некој да се богати да прави струја од водата, на сметка на природата и на целиот жив и растителен свет. Сега знаеме дека имаше сушен период, тогаш хидроцентралата не треба да ја користи водата нека ја пушта цела вода во речното корито. Треба да има инспекциски служби кои ќе проверуваат дали тој што користи вода од реките за производство на струја го испушта биолошкиот минимум на вода во речното корито, вели една жител на Тетово кој често ја користи пешачката зона покрај реката Пена.

Од Центарот за јавно здравје Тетово, велат дека  нискиот водостој на реката го нарушува целиот еко систем.

 

Се знае ако има намалување на водостојот на реката се уништува флората и фауната, но тука има нарушување и на еко системот сето тоа влијае и на подземните води реките се многу важни за целиот еко систем, рече д-р Ратко Давидовски специјалист по хигиена и здравствена екологија.

 

Од Инспекторатот за води, велат дека поради малиот број на инспектори тие делуваат и излегуваат на терен најчесто по добиените преставки. За река Пена немаат добиено преставка, но како што велат во рамки на своите можности ќе се обидат да извршат контрола на оваа Шарпланинска река која спроед законот за води треба да има минимум 10 проценти вода од годишниот проток на вода во речното корито.

 д-р Давидовски вели дека изградбата на брани е најекономичното и најеколошкото користење на реките.

 

-Знаете дека браните се градеа во сушни места, но сега поради климатските промени мора да размислуваме да градиме брани и на Шара. Полезноста е во тоа што кога има Пена многу вода тогаш таа се собира  и се испушта во коритото толку колку што е потребно, а кога нема вода реката како во овој период од насобраната вода преку цела година може да се пушти вода за пиење и призводство на струја. Значи така водата рамномерно ја распределуваме која е собрана преку цела година, вели д-р Ратко Давидовски специјалист по екологија и здравствена екологија.

 

Но барем засега властите не размислуваат на вакви проекти. Во последниве години има изградено повеќе брани на Шарпланинските реки уништувајќи го еко системот на оваа природна убавина.

Зоран Димовски

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close