fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Економски најзначајни болести во житните култури и нивно сузбивање

 

Болестите со сигурност секоја година ни одземаат дел од приносот, прашање е само во кој интензитет се појавиле и колкави се штетите.

Размислувањето на индивидуалните земјоделци од типот можеби оваа година нема да има болести е контрадикторно на фактот дека болестите се јавуваат секоја година, само прашањето е во колкав интензитет, за таа цел потребно е да се прифати заштитата од болестите како редовен и вообичаен третман во производството се со цел на добивање на стабилни приноси.

Раната сеидба и брзиот развој индицираат појава на пепелница и мрежавост на јачменот во однос на пченицата. Препорачливо е во текот на контролата на посевот, покрај плевелите, да се посвети внимание и на состојбата на листот и стеблото. Доколку се потврди појавата на болести на листот, потребно е веднаш да се пристапи кон третирање со фунгициди.

Најзначајни болести на житариците се: причинители на рѓи (Puccinia sp.)., фузариозни заболувања (Fusarium sp.), пепелници (Erysiphe sp.)., мрежеста дамкавост на јачменот (Helminthosporium teres), сива дамкавост на листот на јачменот (Rhynochosporium secalis).

До пред триесетина години веројатно посевите не требаше да се заштитуваат од болести, штетници и плевели. Во пракса тоа не е баш така. Времето се менува, а со него и навиките. Да може добро да се заштити, треба добро да се познава проблематиката, во принцип – зошто и на кој начин болестите, штетниците и плевелите се појавуваат. Природата си го прави своето, но ние како агрономи можеме да помогнеме при одгледувањето на пченица т.е. на производителите и државата да се намали негативното влијание од болестите и штетниците, а ние да добиеме поголем, квалитетен и стабилен принос.

Сл.1 Пченица во никнење (извор: https://www.agro.basf.rs/agroportal/rs/media/migrated/basf_bro_ure_2014/Zastita_psenice_-_web_preview.pdf)

Во наши производни услови во првиот дел од вегетацијата на житните култури, од болестите економски најзначајни се: пепелница, рѓа и лисна дамкавост.

Сл.2 Пепелница кај пченица (Erysiphe sp.)

(извор: https://www.agro.basf.rs/agroportal/rs/media/migrated/basf_bro_ure_2014/Zastita_psenice_-_web_preview.pdf)

Пепелницата се јавува секоја година, обично во пораните фази од развојот, но доколку го зафати листот заставичар и евентуално класот, прави големи штети. Затоа пепелницата како болест мора да се држи под контрола.

Сл.3 Рѓа кај пченица (Puccinia sp.)

(извор: https://www.agro.basf.rs/agroportal/rs/media/migrated/basf_bro_ure_2014/Zastita_psenice_-_web_preview.pdf)

Рѓата се јавува во услови на влажно време. Опасна е бидејќи прави рани во вид на дамки (рѓи) на стеблото и листот, кои на горната страна на листот се отворени и низ нив пченицата губи вода.

Сл.4 Лисна дамкавост (Septoria sp.)

(извор: https://www.agro.basf.rs/agroportal/rs/media/migrated/basf_bro_ure_2014/Zastita_psenice_-_web_preview.pdf)

Дамкавоста на листот и стеблото исто така го намалува приносот, но доколку пченицата полегне во тој случај данокот на штета е огромен.

Веќе на почеток од пролетта се активираат и инсектите и доаѓаат од местата на презимување и бидејќи посевите од пченица се единственото нешто што е зелено во тој период од годината, адултните форми на житна пијавица (Lema melanopus), лисни вошки (Sitobion avenae), јачменов и пченичен трипс (Limothrips denticornis; Limothrips cerealium), житни стеници (Eurygaster spp.).

За сузбивање на штетниците во житните култури се препорачува употреба на инсектицидите Fastac® 10 EC (alpha – cypermethrin 100 g/l) во доза од 0,125 L/ha или Polux (deltamethrin 25 g/l) во доза од 0,2 – 0,25 L/ha.

Поради честата појава на болести и штетници во житните култури, рано на пролет со редовната примена на хербициди се препорачува и примена на инсектициди и фунгициди. Препорачана комбинација: Duett Ultra: 0,4 L/ha + Fastac 10 EC: 0,125 L/ha + Mustang: 0,6 L/ha. Ова т.н. рано пролетно третирање на житните култури најдобро е да се изврши до фаза на прво коленце.

Што е фузариозно заболување на класот?

Тоа е габично заболување на пченицата кое значително го намалува приносот и квалитетот. Преку 20 % во поедини години. Болеста се јавува и го започнува својот развој во фаза на цветање на пченицата. Во Македонија тоа е периодот во првата половина на месец мај.

Цветот на пченицата е како отворена рана, а воедно и влезна врата за оваа габа.

Габата се развива на штотуку формираните млечни зрна пченица.

Заразени зрна се штури, со видлива розе превлака. Зрната имаат помала хектолитарска маса и помал квалитет бидејќи габата испушта микотоксини кои го намалуваат технолошкиот квалитет на зрното, така да често пченицата не е за исхрана на луѓето.

Во класот се наоѓаат здрави и заболени зрна, а најчесто цел клас е зафатен и тогаш штетите се најголеми. Болеста се јавува секоја година, ја активараат чести, не обилни дождови и рано утринска магла кои се чести во првите денови од месец- мај. Истовремено рѓата, пепелницата и дамкавоста на листот и стеблото ја напаѓаат пченицата така што можат да бидат закана за намалување на приносот.

Сл. 5 Фузариозно заболување на зрното од пченица (извор: https://www.agro.basf.rs/agroportal/rs/media/migrated/basf_bro_ure_2014/Zastita_psenice_-_web_preview.pdf)

За сузбивање на ова сериозно заболување се препорачува житните култури да се третираат во фаза на формирање на лист заставичар. Одлично решение за ова сериозно заболување е фунгицидот Duett Ultra, во доза од 0,5 L/ha + инсектицидот Fastac 10 EC во доза од 0,125 L/ha. Duett Ultra e двокомпонентен фунгицид (epoxyconazol + thiophanate methyl) каде едната активна материја делува на болести на листот и стеблото, а другата на фузариозните заболувања.

Најважно е третирањето да се изврши во право време, да не се задоцни. Количината на течност за прскање мора да биде поголема но не помала од 200 L/ha.

Генерално второто третирање на житните култури треба да се изведе во фаза на цветање или непосредно пред цветање на житните култури.

Сл. 6 Шематски приказ на примена на фунгициди, хербициди и инсектициди во житни култури.

Автор: м-р Петковски Ефтим

(Докторант на Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје)

Хемомак Пестициди ДООЕЛ – Велес

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close