fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

На вработените во Водостопанство платите им доцнат два месеци, немаат ниту здравствено – можен е штрајк, кој ќе наводнува

Вработените се пожалиле дека покрај 2 неисплатени плати, од 1 август немаат ниту здравствено осигурување.

Денеска, претседателот Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски, претседателот на АГРО Синдикатот, Игор Китаноски со Синдикалната подружница на АГРО Синдикатот при АД Водостопанство одржале состанокот поради не исплатени 2 плати на вработените во АД Водостопанство, објави Синдикатот на својата фејсбук страница.
Вработените се пожалиле дека покрај 2 неисплатени плати, од 1 август немаат ниту здравствено осигурување.
„Револтот кај работниците е голем и истиот доколку не се исплатат платите, во најскоро време може да премине во штрајк кој ќе значи и проблем со водоснабдувањето на земјоделските површини и посевите, особено во овој период кога е најпотребно.Работниците се принудени наместо да ја извршуваат својата работа, да се борат за својата егзистенција и во наредниот период не е исклучена можноста да се донесе Одлука за отпочнување на постапка за спроведување на штрајк во АД Водостопанство, а пред спроведување на процедурите за организирање на штрајкот не е исклучен ниту друг притисок на изразување на работничко незадоволство.

Покрај неисплатените плати, работниците се соочуваат и со други организациски проблеми поврзани со нормалното и непречено работење на АД Водостопанство за кои дополнително ќе се бара решение од Владата, која е единствен акционер на Акционерското Друштво Водостопанство“, се вели во соопштението.

 

Сојузот на синдикатите на Македонија и АГРО Синдикатот велат дека стојат на располагање на работниците за спроведување сите потапки и организирање на евентуалниот штрајк.https://faktor.mk/na-vrabotenite-vo-vodostopanstvo-platite-im-docnat-dva-meseci-nemaat-nitu-zdravstveno—mozen-e-shtrajk-koj-kje-navodnuva
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close