Во услови на ниски температури во зимскиот период, кај виновата лоза можат да настанат големи штети од мрзнење. Мрзнење може да има на родните окца, едногодишните ластари, краковите и целата пенушка. Кај малку отпорните сорти , родните окца измрзнуваат на минус 12 степени, а кај некои отпорни сорти штетите настануваат на минус 21 до минус 25 степени.
При контролата, најнапред треба да се утврди процентот на измрзнатите родни окца, што се прави со пресекување на окцето со оштар нож, или жилет. Здравите окца на пресек имаат зелена боја, а замрзнатите кафеава до црна.
– Ако се утврди мрзнњое до 50% на родните окца, кај сортите што се режат кратко се оставаат поголем број кондири, а кај сортите кои се режат долго или мешовито, се оставаат подолги лакови.
– При мрзнење на родните окца поголемо од 80%, режењето се извршува, така да не ги кратиме старите кракови, туку кај нив оставаме неколку лакови и резници, како би ја што побрзо регенерирале пенушката. – При целосно мрзнење на сите родни окца, едногодишните ластари ги режиме кратко (на слепо окце).
– До колку мрзнењето е присутно на целата пењушка, истата ја скратуваме над калеменото место, во делови каде што се претпоставува дека има здрави заспани окца .