fbpx
ВестиТоп вести

Македонците јадат двојно помалку пилешко месо од Европејците

Пилешко месо во форма на готови или полуготови производи подготвени за брза консумација е меѓу најбараното кај потрошувачите во Европската унија. Македонија, за разлика од нив, и понатаму бара цело пиле за домашна подготовка. Производството на пилешко месо полека, но сигурно, го презема приматот во Европската унија и со раст на побарувачката од 9 проценти од 1990-тите години наваму ги истиснува свинското и говедското месо од пазарите на унијата.
gty_bird_flu_nt_130408_wg-630x354

 

Пилешко месо, според статистичките податоци на „Евростат“, најмногу се јаде во Португалија, по 39 килограми годишно по човек, што е над двојно повеќе отколку во Македонија. Просекот на ЕУ е 28 килограми по човек, додека во Македонија е меѓу 15 и 20 килограми.

Кај нас, само мал процент од потребите за пилешко месо, или околу 500 тони, се произведени дома, а за сметка на тоа увозот расте. За пилешко месо од странство Македонија лани платила 50 милиони долари. Свежите пилиња најчесто доаѓаат од земјите на Европската унија.

 

l-135f1f6ec7794070fa9662e7bdbad985

 

Словенечкиот производител „Перутнина Птуј“ годишно извезува 3.800 тони месо и преработки во Македонија. Од капацитетите на „Перутнина“ во Словенија кај нас се увезуваат 2.400 тони свежо пиле, додека од фабриките во Босна и Херцеговина и Србија доаѓаат 1.400 тони пилешки преработки. Вкупниот извоз претставува 4 проценти од вкупното производство на словенечкиот гигант и вреди 9 милиони евра годишно.

„Фактите велат дека пилешкото е поевтино за производство, а од друга страна, најбогато со протеини и се продава без религиозни пречки. Поради тоа и очекуваме најголемиот раст на потрошувачка на месо да биде во сегментот на живинско месо. Живинското месо е популарно меѓу потрошувачите од сите генерации“, вели Роман Гласер, генерален директор на „Перутнина Птуј“.

На сите пазари групацијата годишно продава речиси 80 милиони килограми живинско месо, од кои само 10 проценти како цело пиле. Акцентот е ставен на преработките, особено смрзнати полуготови јадења, кои се меѓу најбараните на европските пазари.

hitportal-belo-meso

 

Вториот по големина словенечки капацитет за преработка на живинско месо, „Пивка“, 3 проценти од своето производство пласира на македонскиот пазар. Свежото месо на „Пивка“ се продава само во Словенија, а кај нас доаѓаат единствено преработките.

Screenshot_2

 

Во Македонија годишно се трошат околу 38 милиони тони пилешко месо, свежо, смрзнато или во преработки. Од нив од домашно производство доаѓаат незначителни количини. Она што недостасува, според домашните експерти, е врзаниот систем на производство на еднодневни бројлери, сточна храна и живина. Министерството за земјоделство неодамна најави соработка со ФАО, Меѓународната организација за храна, во изготвување програма за поддршка на семејни живинарски фарми. Целта е да се зголеми производството на пилешко и да се намали увозната зависност. Идејата на проектот е на семејните живинарски фарми да се произведуваат јајца и бројлери, а една од важните цели е да се развијат кооперантските односи.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close