Расфрлано ѓубре на сите страни, глува тишина, која само ветерот и камионите и тракторите на штипското комунално претпријатие „Исар“ можат да ја нарушат. Вака изгледа депонијата Трештена скала, на којашто се депонира целиот смет од Општина Штип. Директорот на ЈП „Исар“, Живко Тасев за вели дека проблемите се исти како и во останатите градови, летно време собирачи на железо, пластика знаат да ја потпалат. -Се случува неколку пати годишно, но со помош на пожарникарите веднаш се гасне. Депонијата не е оградена, пред неколку години почнавме да ја оградуваме, но се соочивме со кражби на оградата. Не може на неа да има чуварска служба, едноставно не е хумано некој човек да ставиш да ја чува, а на неа ниту има струја, ниту пак вода, вели Тасев. Според него доборо е што депонијата „Трештена Скала“ е оддалечена од градот, па не се чувствува загадување, како што некои градови имаат проблем. Пред 16 години Штип ја дислоцираше депонијата на оваа локација, тогаш со европски пари, околу половина милион евра се изгради и патот до неа. Истата слика е и во Општините Карбинци, Свети Николе и Пробиштип. Во малата рурална Општина Карбинци, ништо поразлично. Собирачи на пластични шишиња, но и земјоделци кои имаат ниви околу депонијата во близина на селото Карбинци ја палат и таму немаат чуварска служба и затоа во текот на викендите се случува месното население, кое има ниви околу депонијата ја палат, со цел да си ги заштитат земјоделските култури од отпадот. Но, токму општините од Источниот и Североисточниот планаски регион спас со депониите, кои според експертите во моментов се на ниво на буништа се гледа во современата регионална депонија во близина на светиниколското село Мечкуевци, каде што ќе се гради современ систем за управување на отпад за вкупно 18 општини. претходно информираше дека современиот систем за управување со отпад или како што ја нарекуваат регионалната депонија кај светиниколското село Мечкуевци ќе почне да се гради во втората половина на 2021 година.
Целиот текст може да се најде на следниот линк.
Извор:Опсервер