fbpx
ЕкологијаТоп вести

ЖИТЕЛИТЕ НА ЦЕНТАР ОД ДЕНЕС ЗА СЕКОЕ РЕЦИКЛИРАНО ПЛАСТИЧНО ШИШЕ ЌЕ ДОБИВААТ ПАРИ

Од денеска жителите на општина Центар ќе може да рециклираат пластични шишиња и лименки, а за тоа ќе добиваат пари. ЈП „Паркинзи Општина Центар“ ги пушти во употреба првите повратни вендинг машини за рециклирање. Првите седум машини за рециклирање се поставени пред бараките на Општина Центар, кај слаткарница „Апче“, кај монтажната гаража „Буњаковец“, во затвореното паркиралиште „Дом на градежници“, затворено паркиралиште „Зелен пазар“, во ГТЦ и затвореното паркиралиште „Дилајла“ во Капиштец.

За секое рециклирано пластично шише или лименка од 0,25 до 0,75 литри жителите ќе добиваат 0,5 денари, за шише од 1 до 1,75 литри добиваат 1 денар, а за шише од 2 до 2,25 литри, 1,5 денари. Парите ќе ги добиваат на платежната картичка  „Грин пеј“.

„Се работи за нова картичка која ќе ја замени постоечката М-карта и ќе овозможи многу повеќе поволности. Освен најава на гости, жителите ќе имаат можност да учествуваат во процесот на рециклирање и да пазарат со попусти во зелената мрежа на локали кои се приклучија во овој проект – маркети, ресторани, кафеани, кафулиња и бутици. До сега, оваа мрежа вклучува повеќе од 30 локали кои ќе овозможат попусти, а заради големиот интерес зелената мрежа секојдневно ќе се проширува. Дополнителна поволност на оваа картичка е можноста за префрлање на средства од други платежни картички“, вели директорот на ЈП „Паркинзи Општина Центар“ Васко Кичевски.

Општина Центар за спроведување на овој проект обезбеди 12 милиони денари.

До крајот на годината ќе бидат поставени вкупно 27 машини.

Извор:СДК

Слични написи

Back to top button
Close