Агро бизнисВестиТоп вести

Многу топло, попладне нестабилно со дожд, грмежи и ветер

До петок под влијание на серија на влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град. Во петок ќе има пообилни врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север температурата значително ќе опадне.

Од Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавија сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец.

Можно е да е слика од текст кој вели „Ден Среда (22.07) Четврток (23.07) Време Петок (24.07) Ветер Сабота (25.07) (25 Недела (26.07) Мин.тем. (°C) 11 до 20 9 до 18 Mak Мак.тем.( (C) 27 до 32 10до 10 до 19 28 до 33 до 8до15 15 19 до 26 12 12A018 12до до 18 24 до 30 26 до 33“

Во Скопје, исто така е најавено сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Се очекува температура од 16 до 35 Целзиусови степени.

Можно е да е слика од мапа и текст кој вели „Времето утре 07.2026 Град Тмин. Ckonje Тмакс. 16 35 Гевгелита 21 Тетово 32 15 Прилеп 35 17 Штип 35 19 37 Струмица 19 Ckonje Крива Паланка Охрид 36 Тетово 16 33 Демир Капига Берово 19 37 Маврово 12 Битола Велес 33 Берово 15 ШТИП Крива Паланка 34 15 Маврово 34 15 рилеп Велес Охрид Демир Капи 31 19 37 Струмица Битола евгели/а“

Според синоптичарите, до петок под влијание на серија на влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме, проследено со силен ветер и изолирана појава на град. Во петок ќе има пообилни врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север, температурата значително ќе опадне.

Поврзани новости

Back to top button