Предлог-законот за попис денеска пред пратениците во Комисија за европски прашања
Предлог-закон за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2020 година, во прво читање, со европско знаменце денеска е на дневен ред на собраниската Комисијата за европски прашања. Седницата е закажана во 10 часот.
Станува збор за законот што еднаш веќе беше поднесен во Собранието, а беше заглавен година и половина. Според планот, пописот треба да се одржи наредната година во април, а ќе го спроведува Државниот завод за статистика.
Крајно време е после еден неуспешен попис во 2011 година, кој не успеа од политички причини, да го направиме, како една статистичка операција важна за државата и во април 2021 година да го спроведеме пописот“,
изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ, за „360 степени“.
Во продолжение, погледнете ја сторијата на оваа тема која беше емитувана во емисијата „360 степени“ во понеделникот (7 декември 2020).