fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Тутунарите започнаа со меѓусебни обвинувања

Ние сме за тутунарите да не бидат запрени вагите, да се носи тутунот за да може да се предаде целиот род“,изјави Менде Стомнароски, претседател на Сојуз на земјоделски здружениија.

Иако се сака да се прикрие на некој начин, но сепак поделбата помеѓу Сојузот на земјоделски здруженија и Иницијативниот одбор на тутунарите кој денеска одржа штрајк пред Влада е се поочигледна. Денеска дури и се започна со јавни напади и обвинувања. Според Сојузот на пунктовите имало гужви бидејќи тутунарите сакале да со предаваат тутунот што е можно побрзо за тоа тие не сакале да се блокираат пунктовите и не ги повлекле поверениците. Денеска тие повторно побараат зголемување на динамиката на откуп од откупувачите. Но нема ниту збор од претходните нивни барања за зголемување на цената. Само велат дека тие не биле за стопирање на откупот бидејќи така ќе се нанесела поголема штета на тутунарите.

„Јас не можам да кажам дека се тутунарите поделени затоа што и ние сме за тутунарите, и ние бараме на тутунарите да им се цени реално тутунот, целиот тутун да им биде откупен. Тие предвиделе дека добро е да има штрајк пред Влада и се таму пред Влада. Не сме против нив дали да штрајкуваат или не, но ние сме за тутунарите да не бидат запрени вагите, да се носи тутунот за да може да се предаде целиот род“,изјави Менде Стомнароски, претседател на Сојуз на земјоделски здружениија.

Дел од тутунари кои го поддржуваат Сојузот на земјоделски здруженија дури и сметаат дека досега реално се ценел тутунот. Започнаа дури и да се обвинуваат и напаѓаат помеѓу себе. Се поделија на тутунарии кои произведуваат на поголеми површини и тутунари кои поризведуваат на мали површини.

„Незадоволни тутунопроизводители се оние со по 50-100 декари што садат. Го работат со аргати, профитираат, вложија по 10-15.000 евра и сега не можат да си ги повратат парите, мислеа како минатите години 1 и 2 класа ќе биде, но годинава не испадна така. Според мене реално се цени тутунот, јас сум задоволен“, рече Марјан Пуцакоски, тутунопроизводител.

„Досега вака можам да ви кажам, овде каде што сум јас, иако не се потпишаа на таа спогодба што беа Сокотаб, реално ценат од првиот ден до денес. Незадоволството не можам и јас да го оценам, не е такво незадоволство. Нас не навикнале откупувачите во минатите години да една класа даваат подобра, требаше да се зголеми во изминатите години само цената“, вели Кронислав Мантароски, повереник и тутунопроиизводител.

Поради незадоволството пак на тутунарите во Општина Долнени, каде се произведува најмногу тутун, од 8.000 произведени тони, откупени се само 500 тони. И самите претставници на Сојузот на земјоделски здруженија денеска рекоа дека на некои пунктови има нереална проценка.

„Цената моментално во некои откупни пунктови е реална цена по квалитет на тутунот, но во некои пунктови навистина ми е жал, но ептен сме потценети и ги замолувам, им давам лично како договарач и како здружение, им давам поддршка на договарачите и на фирмите заедно да излезиме на терен и да го купиме по реална цена по квалитет тутунот“, истакна Муса Ибраимоски, претседател на здружение „Златен лист“, Општина Долнени.

Денеска од Сојузот немаа информација дали се покачила просечната откупна цена, која деновиве се движеше 167 денари за килограм.

Дарко Штаргоски за Зелена берза

 

 

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close