вести

Нивите се уништуваат од честите поплави

(Oвој напис е објавен на: март 13, 2018)

niva

Честото поплавување најмногу и штети на биолошката разноликост на земјата и во иднина претстои опасност да биде помалку корисна за одгледување земјоделски култури.

Речиси секоја година обработливите земјишта во селата во тетовската рурална општина Јегуновце се поплавуваат од излевање на реката Вардар што според стручните лица за земјоделство долгорочно ќе придонесе за оштетување на структурата на почвата.

Честото поплавување најмногу штети на биолошката разноликост на земјата и во иднина и претстои опасност да биде помалку корисна за одгледување земјоделски култури, објаснува агрономот Петре Петревски од тетовскиот центар на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделието.

„Со самото лежење на водата, доста хранливи материи во самата почва, поготово азотот, ќе биде исперен. Ќе дојде до негово пренесување до подлабоките слоеви или истекување, зависи од тоа како водата ќе се повлекува од таа површина. Во таквите услови се нарушува животот и на штетните, но и на оние природни предатори или инсекти коишто живеат во самите почви. Едноставно целиот тој биодиверзитет се нарушува и тука имаме доста штети по однос на самата структура на почвата. Се намалува хранливата вредност на почвата“, потенцира тетовскиот агроном.

И оваа пролет десетици хектари се најдоа под вода. Ако повеќе денови водата остане на нивите првично се уништуваат актуелните култури, зашто земјоделците не можат да интервенираат, вели Петревски.

„Веројатно ќе има доста последици доколку поплавата, односно задржувањето на водата, е подолго време односно повеќе од три дена. Поради тие анаеробни услови, потешко ги користат хранливите материи, да жолтеат листовите. Значи може да дојде до целосно уништување на посевот. Доколку после три-четири дена почне да се повлекува водата, ќе има последици по однос на порастот и се разбира намалени приноси. Најлошото е што може после тоа да се појават одредени болести и штетници на самата култура“, објаснува стручното лице.

Поради ваквите состојби им препорачува на земјоделците со текот на времето да го испитаат составот на почвата за да знаат со што да ги подобрат условите за одгледување.

„Често пати земјоделците не прават агро-хемиски анализи. Не знаат што содржи самата почва и стихијно фрлаат ѓубриво без некое претходно сознание дали и колку има потреба културата. Затоа често пати доаѓа до одредени ситуации да има вишок на одредени елементи, а некогаш и да нема“, истакнува агрономот.

Како долгорочно решение за спречување на поплавите во овој регион е потребата од регулирање на речното корито на Вардар во должина од шест километри.

 

 

Тагови

Валентина Соколовска

Зелена берза – Гласот на земјоделецот Заедно со Вас, драги земјоделци, ја создадовме „Зелена берза“, како Здружение на земјоделци, како начин на заедничка работа преку кој ќе стигнеме до нашите јасни заеднички цели: да се слушне гласот на секој земјоделец, да размениме искуства, да создадеме услови во кои ќе можеме успешно да работиме, а земјоделскиот труд да добие соодветен приход. „Зелена берза“, постои за Вас, да ве поттикне, да ве информира, но и заеднички со Вас да се избори за квалитетно и исплатливо производство, за производи кои гарантирајќи квалитет ќе обезбедат сигурност, стабилност и добар профит. Визијата на најголемото, невладино и непрофитно, земјоделско здружение во Р. Македонија – „Зелена Берза“ е да прераснеме во здружение со илјадници членови, здружение со големо влијание врз законските норми кои го регулираат земјоделието и здружение кое ќе му даде глас на секој индивидуален земјоделец. Грб во тешките времиња и земјоделски промотор во добрите. Нашата мисија е да го промовираме македонскиот земјоделец, да градиме партнерски односи со производителите и со трговците, да создадеме заедница на македонските производители на храна која ќе ги претставува и ќе се бори за интересите на современето македонско земјоделие, во државата и странство. Приклучете ни се, бидете дел од нас. Раскажете ја вашата приказна, актуелизирајте го Вашиот проблем, презентирајте ја Вашата идеја, понудете добри совети. Ние сме тука, да го пренесеме Вашиот збор, да преземеме активности и заеднички да креираме успеси, што ни е силно потребно, на сите нас, кои директно или индиректно, сме дел од земјоделието. Успехот во оваа гранка, е успех на животот, зошто здравата храна е еден од клучните фактори за здрав живот, а земјоделецот е неговиот најважен столб. И нашиот месечник е олицетворение на вредностите кои ги застапува Зелена берза. Делењето на бесплатни примероци има за цел да го зголеми опсегот на гласот на земјоделците, заедно да ги решиме децениските земјоделски проблеми, натежнати врз сите нас. Заедно да го продолжиме патот кој започнавме да го трасираме. Креирајте го Вашиот весник, според Вашите желби и потреби. Ние сме тука за Вас. Редакцијата на нашиот и Ваш весник, Ви стои на располагање за споделување на Вашата приказна, Вашите совети и Вашето искуство во земјоделието. Контактирајте не на телефон 071 207 021, преку електронска пошта [email protected] или на страната на ФБ / Зелена Берза Срдечен поздрав, Вашата Зелена Берза

Слични написи

Back to top button
Close