fbpx
ВестиТоп вести

Пченица, јачмен и грашок ќе се сади наесен во Пелагонија

Земјоделците ги почнаа подготовките за есенската сеидба во Пелагонија. На вкупна површина од 24 илјади хектари најмногу ќе се засеат пченица и јачмен, но и индустриски растенија, од кои најмногу грашок. Ќе се сее и луцерка, на површина од 1 000 хектари, како и маслена репка, која ќе биде засеана на површина од 2 000 хектари.

pchenica jachmen i grashok kje se sadi naesen vo pelagonija

 

“Создадени се одлични временски услови за подготовка на земјоделските површини, квалитетот на почвата е на високо ниво и есенската сеидба непречено може да почне”, велат од подрачната единица на Министерството за земјоделство во Битола.

Земјоделците од битолскиот дел на Пелагонија во овој период интензивно ја собираат фуражната пченка за силажа, која беше засеана на пoвршини од 4 000 хектари.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close