fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Хоџа-континуирано го поддржуваме овоштарството, зголемени субвенции и зелена нафта

Почна јаболкоберот

Континуирано го поддржуваме овоштарството за што доказ се субвенции и зелена нафта за овоштарите, рече министерот за земјоделие Арјанит Хоџа на отворањето на преспанскиот јаболкобер.

-Ресен и Преспа можат да се гордеат зошто вие имате свој бренд тоа е јаболкото. Преспанското јаболко е промотор на нашата државата во светот. Почетокот на бербата на јаболкото е  еден од најголемите празници на Праспанскиот регион. Секоја година јаболкопроизводителите се радуваат на овој ден  зошто тој означува почеток на валоризација на нивниот целогодишен труд. Министерството и Владата континуирано го поддржуваат овоштарството, потврда за тоа се зголемените субвенции, картичките за зелена нафта над 2000 картички, воведување на мерките за мотивација на малдите земјоделци, руралните жени и усогласувањето на нашата правна регулатива со европската во делот на здравјето на растенијата што подразбира намалена употреба на агрохемиските средства помалку пестициди, рече Хоџа на манифестација во Ресен.

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close