fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Оризопроизводителите од кочанско се уште го чекаат „планот Б“ на Хоџа

ВИДЕО-Даваат рок до наредниот понеделник да им се презентира предлогот

Кочанските оризопроизводители чекаат да го слушнат „планот Б“ на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа. Даваат рок до наредниот понеделник да им се презентира предлогот, како ќе им се исполни барањето откупната цена на оризовата арпа да изнесува 25 денари. Протестите и блокирањето на патот Штип-Кочани ги стават во мирување наредните седум дена. Засега не ги коментираат дополнителните три денари субвенции, кои како мерка ги презентираше премиерот Заев пред два дена на манифестацијата „Денови на кочански ориз“.

Министерот за земјоделство Хоџа пред пет дена имаше средба со откупувачите, а на којашто не се најде заедничко решение, тогаш порача дека како Влада ќе најдат решение за производителите на ориз. Кочанските оризопроизводители се револтирани што откупната цена е ниска и не им ги покрива трошоците. Почната е жетвата, но во амбарите се уште им стои околу 40 отсто од ланската реколта.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close