fbpx
ВестиМакедонија

Хоџа по средбата со млекарите-Само задоволни земјоделци имаат дополнителна мотивација да го прошируваат производството

Во просториите на МЗШВ, денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, одржа работен состанок со претставници на млекопроизводители.

Во просториите на МЗШВ, денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, одржа работен состанок со претставници на млекопроизводители.
На состанокот се разговараше за актуелната состојба во млечната индустрија. Млекопроизводителите ги искажаа своите ставови, предлози и идеи за унапредување на секторот.
Министерот Хоџа повика на темелен пристап, координиран низ заеднички процес на креирање на мерки и политики со кои сите заедно ќе придонесеме за поголем развој на млекопроизводството.
Остануваме секогаш отворени за соработка со земјоделците од сите сектори. Предизвиците ќе ги надминуваме преку конструктивни состаноци на кои секој може и треба да го каже својот став. Само задоволни земјоделци имаат дополнителна мотивација да го прошируваат производството.
Развојот е наша заедничка цел.

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close