Данските свињи заразени со бактеријата ЛА-МРСА, која е отпорна на антибиотици
Повеќе од 60 отсто од данските свињи се заразени со бактеријата ЛА-МРСА, но засега странските купувачи не знаат ништо за ова. Станува збор за бактерија отпорна на антибиотици и лесно се пренесува и на луѓето. Особено е опасна за сточарите кои ги одгледуваат свињите, но и за тие што ракуваат со заразено месо од заклани свињи. Светските медиуми деновиве се преполни со информации дека данските свињи се како темпирани бомби и голем дел од нив се само носители на бактеријата, која преку извоз се пренесува во цела Европа. Само на пазарот во Германија дневно завршуваат 35.000 дански свињи, а оттаму во цела ЕУ. Официјалните бројки за увоз на данско свинско месо кај нас покажуваат дека за разлика од лани, од оваа европска земја годинава се увезло десет пати помалку свинско месо. Ако во 2015 година на нашиот пазар имало 248 тони на данското месо, годинава увезени се само 20 тони.
Сомнително месо
Во нашата Агенција за храна и ветеринарство велат дека во рамките на одредени мониторинг-програми и при сомнеж, од пратките кои се увезуваат се земаат и мостри за лабораториска анализа.
– За истите не се дозволува увоз во земјава, односно пратките се ставаат под надзор, се додека не се добијат резултатите од направените лабораториски анализи со кои се потврдува дека пратката е безбедна. Месото што се продава на македонскиот пазар, вклучително и свинското по потекло од Данска е безбедно- велат во Агенцијата. На барање на Агенцијата за храна и ветеринарство, минатата година, добиена е и писмена гаранција од данските ветеринарни власти дека свинското месо од оваа земја, кое се извезува и во Република Македонија е безбедно за човечка употреба и кога станува збор за МРСА бактеријата, бидејќи данските ветеринарни служби преземаат високи безбедносни мерки.
– Увозот на месо се врши исклучиво од одобрени земји за увоз, од одобрени објекти, задолжително придружени со ветеринарно здравствен сертификат со кој се гарантира безбедноста на пратката. Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат задолжителна контрола на секоја увозна пратка. Покрај задолжителниот преглед на документацијата, се врши и физички преглед на пратките, а контроли се вршат и при истовар на увезените пратки – велат во Агенцијата.
Опасна и за луѓето
Неодамна европските медиуми излегоа со информација дека најголем дел од данските свињи се носители на бактеријата ЛА-МРСА.
-Бактеријата може да се пренесува и на луѓето што работат со добиток, но исто така и на оние што ракуваат со заразеното месо – вели данскиот истражувачки новинар Kјелд Хансен. Данска извезува секоја година околу 13 милиони живи свињи, поголемиот дел во Германија и Полска. Извозот на Данска претставува 57 отсто од вкупниот извоз во ЕУ, па затоа е главен потенцијален извор на ширењето на инфекцијата во Унијата. Исто така Данска годишно извезува 19.000 свињи за размножување. Најмалку 63 проценти од нив, како што се тврди, се инфицирани со ЛА-МРСА. Денес се смета дека околу 12.000 Данци се носители и на оваа бактерија. Познато е дека за пет години само кај нив имало шест смртни случаи. Една нова студија покажа дека два од три случаи на ЛА-МРСА во Норвешка се предизвикани од бактерии од Данска.
Црвенило и температура
Инфекциите предизвикани од ЛА-МРСА се слични на оние предизвикани од стафилококус ауреус, но ако ви е потребен третман, има многу малку антибиотици на кои реагираат на истата. Бактеријата предизвикува инфекции, особено кај веќе болните луѓе. На прв поглед, изгледа како МРСА-навидум безопасна инфекција на кожа која се карактеризира со мали, црвеникави акни – како испапченици. Kако што инфекцијата напредува, тие стануваат болни и исполнети со гној. Ако инфекцијата оди понатаму, следна е инвазија на белите дробови. МРСА симптомите стануваат се полоши со треска, кашлица, останување без здив… Исходот зависи од имунитетот бидејќи бактеријата речиси и да не реагира на антибиотик.
El sistema Android le permite tomar capturas de pantalla sin ningún otro software. Pero aquellos que necesitan rastrear capturas de pantalla en secreto de forma remota necesitan un rastreador de captura de pantalla especial instalado.