fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Високите цени на горивата го вратија добитокот за орање на оризовите ниви во кочанско

Се ора со маски

Наместо со трактори и друга земјоделска механизација, дел од земјоделците во Кочанско почнаа со добиток да ги ораат и да ги подготвуваат оризовите ниви пред претстојната пролетна сеидба.

Драстичното зголемување на цените на моторните горива и дополнителните давачки се причина што обработката на земјоделските површини оваа сезона ќе биде во специфични услови, во обид да се намалат трошоците за производство на ориз.

– ЗА ОРАЊЕ КОРИСТАМ ДВЕ МАСКИ СО КОИ ДНЕВНО МОЖЕ ДА СЕ ОБРАБОТИ И ДО ПОЛОВИНА ХЕКТАР, АКО СЕ РАБОТИ ОД УТРО ДО МРАК. ПОСКАПУВАЊЕТО НА ДИЗЕЛОТ ПОЛЕКА НÈ ВРАЌА НЕКОЛКУ ДЕЦЕНИИ НАНАЗАД, ПА ОРАЊЕТО, ПРЕВОЗОТ НА ЃУБРИВОТО И НА СЕМЕНСКИОТ МАТЕРИЈАЛ ЌЕ ГИ ПРАВИМЕ КАКО ВО ВРЕМЕТО НА НАШИТЕ ДЕДОВЦИ И ПРАДЕДОВЦИ. НАПОРНО Е, ПОБАВНО ОДИ ПОДГОТОВКАТА НА ЗЕМЈИШТЕТО, НО СО ОГЛЕД ШТО НА ОВОЈ НАЧИН ЌЕ ЗАШТЕДАМ ОКОЛУ ДВЕ ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ЧЕТИРИ ХЕКТАРИ, СОСЕМА ОПРАВДАН Е ТРУДОТ. ОДГЛЕДУВАЊЕТО НА ЖИВОТНИТЕ, ГЛАВНО ЗА ХРАНА, МЕ ЧИНИ ОКОЛУ ДВЕСТА ЕВРА ВО ТЕКОТ НА ЗИМСКИОТ ПЕРИОД, ШТО ЈА ПОТВРДУВА ИСПЛАТЛИВОСТА. ВО ТЕКОТ НА ПРОЛЕТТА И ЛЕТОТО, ДОДЕКА ТРАЕ НАПАСУВАЊЕТО, НЕМА ТРОШОЦИ ЗА ДОБИТОКОТ. ЗАСЕГА РАБОТАМ САМО НА МОИ ПОВРШИНИ И ТОА ЌЕ МИ БИДЕ ДОВОЛНО ЗА ОВАА СЕЗОНА, ВЕЛИ СЛАВЕ ПЕТРОВ, ЗЕМЈОДЕЛЕЦ ОД КОЧАНИ.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close