fbpx
Вести

Финансирање земјоделски компании со помош на ИПАРД 2

ipard 2

На новиот ИПАРД оглас задругите и земјоделските компании можат да аплицираaт за кофинансирање на своите проекти. Средствата кои ќе се добијат со оваа програма се за преработката на земјоделските производи, енергетските системи и за изградба на објекти и инфраструктурата. Парите од ИПАРД 2 се неповратни и во висина од 50 проценти од вложенине трошоците.

 Во ИПАРД 2 мерките наменети за преработувачката индистрија се за производството на млеко и млечни производи, месо и производи од месо.Тука се вклучени и производството на живина и на јајца, овошје и зеленчук, вино и мелнички и житни производи. Пари ќе има и за производство на енергија добиена со преработка на производи од растително и животинско потекло.Прифатливи инвестиции за кофинансирање се и изградбата или реконструкцијата на објекти и фарми, складови за чување на храна и храна за добиток, амбари или силоси. Пари има и за магацини, ладилници и калибратори.

Исто така ќе се финансира и инфраструктурата на имотот на земјоделските компании, вклучувајќи ја и изградба и реконструкција на патишта за внатрешно поврзување на објектите, електрични инсталации, водоводи, систем за отпадни води, пумпни и бунари.

Стапката на кофинансирање е 50 проценти. Најниската вредност на вкупните прифатливи трошоци е 10.000, а максималната е 4.500.000 евра.


 

мртв

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close