Бензините и дизелот поскапи за 1,5 денари
Бензините БС-95 и БС-98, како и Еуродизелот (Д-Е V) денеска поскапуваат за 1,5 денари за литар, а за три денари Екстра лесното масло за домаќинства, одлучи вчера Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Бензините БС-95 и БС-98, како и Еуродизелот (Д-Е V) денеска поскапуваат за 1,5 денари за литар, а за три денари Екстра лесното масло за домаќинства, одлучи вчера Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Новата малопродажбна цена на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,50 денари, а 85,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС-98. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава по 87,50, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 84 денари. Нагорна корекција за 1,140 денари има кај цената на Мазутот М-1 НС и килограм ќе чини 57,347 денари.
Со одлуката на РКЕ, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,22 проценти во однос на одлуката од 25-ти месецов.
-Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,788 проценти или за 19,150 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за 2,412 проценти или за 28,700 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 2,184 проценти или за 24,450 $/тон, и кај мазутот зголемување во просек за околу 2,268 проценти или за 16,200 $/тон. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 56,0533 ден/$ и е за околу 0,133 проценти повисок од курсот на доларот (55,9790 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка, наведува РКЕ во образложение на Одлуката.