Kорисниците на социјална помош во Општина Новаци, oслободени од плаќање сметка за комунални услуги
Правото на ослободување од плаќање на сметка за комунални услуги, жителите на Општина Новаци можат да го остварат со достава на решение за примање на социјална помош во просториите на јавното комунално претпријатие „ Комунална хигиена “.
Советот на Општина Новаци на 15 тата седница, донесе одлука да се ослободат од плаќање сметка за комунални услуги кон ЈКП „ Комунална хигиена “ Новаци, сите приматели на социјална помош.
„ На последната седница на Советот на Општина Новаци се донесе одлука сите приматели на социјална помош да бидат ослободени од подмирување на сметката за комунални услуги кон ЈКП „ Комунална хигиена Новаци“. Ова не е некој голем износ кој значително би влијаел на работењето на комуналното претпријатие , но во секој случај ќе претставува помош за семејствата кои се приматели на социјална помош во овие тешки времиња на економска криза, невработеност и беспарица. “ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.
Правото на ослободување од плаќање на сметка за комунални услуги, жителите на Општина Новаци можат да го остварат со достава на решение за примање на социјална помош во просториите на јавното комунално претпријатие „ Комунална хигиена “.
На територијата на Општина Новаци според Центарот за социјални работи Битола регистрирани се 50 тина социјални случаи.