fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Николовски: Субвенции со навремена исплата и грант од 10.000 евра

Ја продолживме и поддршката кон малите семејни винарии и обезбедуваме грант до 10.000 евра. Исто така има и програма за малите производители на храна со грант до 10.000 евра наменет за опрема за производство, вели тој.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во интервју за „Бриф“ зборуваше за различни теми, меѓу кои и субвенциите на земјоделците.

Николовски зборуваше за начинот на субвенционирање и ги спореди стариот со новиот систем.

„Стариот систем за субвенционирање каде земјоделците добиваа субвенции без да прикажат доказ дека оствариле производство го заменуваме со т.н. decoupling каде што земјоделците ќе мора да прикажат дека имаат остварено и предадено производи“, вели министерот.

Ја продолживме и поддршката кон малите семејни винарии и обезбедуваме грант до 10.000 евра. Исто така има и програма за малите производители на храна со грант до 10.000 евра наменет за опрема за производство, вели тој.

Што е новото во овој начин на субвенционирање? Кажете ни ги главните промени?
-Стариот систем за субвенционирање каде земјоделците добиваа субвенции без да прикажат доказ дека оствариле производство го заменуваме со нов т.н. decoupling систем, каде што земјоделците ќе мора да докажат дека имаат остварено и предадено производство. Новиот модел за субвенционирање кој го предлагаме не ја крати досегашната поддршка што ја добивале земјоделците, туку истата се прераспределува во повеќе програми за поддршка. Сите чинители ги ставаме во еден поорганизиран систем, каде што ќе имаме можност и за зголемена контрола, а на тој начин ја намалуваме можноста за злоупотреби и сивата економија. Новиот предлог модел нуди решенија за сите слабости кои ги имаше досегашнот модел, исплатата кон земјоделците ќе биде побрза и навремена. Предложениот модел гарантира подобри резултати и гарантира поголемо производство на домашна храна. Убеден сум дека очекуваните резултати ќе ги постигнеме, бидејќи овој предлог модел го креираме заедно со земјоделците, со нивна директна вклученост во целиот процес, од Агро Советот, потоа преку потсекторските групи, многу теренски средби и разговори, сè со цел заедно да создадеме нов финален модел за субвенционирање прифатлив од сите земјоделци. Со новиот предлог модел што го предлагаме, сите земјоделци добиваат основна субвенција наменета за одржување на земјиштето во обработлива состојба и оваа основна субвенција би ја добивале авансно, веднаш по аплицирањето доколку ги исполнуваат минимум пропишаните услови. Дополнителна субвенција добиваат оние земјоделци кои произведуваат значајни култури или производи, односно земјиштето го обработуваат, остварат принос и целото производство го предадат во регистрирани домашни капацитети. Велиме дека целото домашно производство треба да заврши во домашни капацитети, така е одговорно и чесно кон сите граѓани, бидејќи поддршката која ја даваме кон земјоделците е од буџетот на граѓаните. Истовремено како што велиме дека целото производство ќе треба да биде предадено во домашните капацитети, велиме и дека истите тие капацитети сега ќе треба пореално да ја вреднуваат земјоделската мака и трошоците кои земјоделците ги имаат, давајќи реални и прифатливи откупни цени. Секој земјоделец кој произведува значајни култури и производи, а своето земјоделско производство го користи за сопствени потреби во производство на финален производ, исто така ќе има можност да ја добие дополнителната субвенција. Контролата ќе биде поголема и точно ќе може да знаеме кое земјоделско земјиште е обработено.

Она што е ново кај сточарското производство пак, е што со новиот модел предлагаме субвенционирање само на репродуктивни грла добиток постари од 1 година каде што до 100 проценти ги зголемуваме субвенциите. Исто така кај сточарството предвидуваме систем за побрза исплата на произведеното и предадено млеко кај регистрираните производствени капацитети, каде планираме истата да се врши еднаш месечно. Сега со новиот предлог модел приоритет даваме на важните култури и производи за државата, каде што финансиската поддршка е зголемена, односно го поддржуваме повеќе она што пазарот го бара. На овој начин создаваме еден стратешки пристап што ќе го поттикне економскиот раст на државата, ќе ја намали увозната зависност од стратешки производи и ќе ја зголеми продуктивноста.

Кон сите земјоделци останува поддршката и за зелена нафта, која оваа година е до 50%, а преку направените законски измени овозможивме да достигне и до 100%.

Нови мерки се предвидени и во програмата за рурален развој, која прераснува во инвестициона програма и каде предност во мерките даваме на оние земјоделци чија основна дејсност е токму земјоделството. Бизнис план во земјоделството, советодавните услуги и смарт земјоделство, се само дел од новите мерки кои се предвидени во програмата за рурален развој.

За прв пат креираме и неколку нови програми за поддршка на земјоделците. Програмата за откуп на свежо овошје, зеленчук, млеко и млечни производи ќе го помогне откупот на домашните земјоделски производи, а ќе обезбеди здрава ужинка за учениците од основните училишта. Оваа година веќе започнавме со реализација на оваа програма и веќе е распишана постапката за откуп на нашите убави македонски јаболка, кои ќе бидат дистрибуирани до 350 основни училишта за 186.000 ученици.

Ја продолжуваме и поддршката кон малите семејни винарии преку посебна програма за финасисрање на малите производители на вино, каде обезбедуваме грант до 10.000 евра за набавка на опрема за производство на вино. Исто така нова програма креираме за поддршка на малите производители на храна, со грант до 10.000 евра наменет за набавка на опрема за производство и директна продажба, сакаме во наредниот период да поттикнеме развој на нови 2000 мали семејни бизниси кој ќе се регистираат во АХВ, произведувајќи нови традиционални брендови. Поддршка обезбедивме и за формирање на задруги, за да можеме да ги поттикнеме земјоделците да се здружат и да бидат поконкурентни на пазарите. Преку оваа програма предвидуваме поддршка од 3 милиони денари за веќе постојните задруги и 1.500.000 денари за новоформираните задруги.
Целиот овој нов модел има една цел, да обезбеди стабилно и зголемено домашно производство на храна. Долгорочна обезбеденост на државата со храна пред сè од сопствено производство, намалување на увозната зависност, а да го зголемиме извозот на домашни значајни култури и производи.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close