Изградбата на Коридорите ќе го зголеми и извозот на земјоделски производи
Извозот на зеленчук е насочен кон Србија, Хрватска, Полска, Украина, Албанија, Бугарија, Kосово, Белорусија и Ирак. Во однос на извозот на овошјето доминантно е учеството на јаболката, а со помали вредности се јавуваат јаткасто овошје, агрумите, грозјето и друго.
Република Северна Македонија има патна мрежа во вкупна должина од 14.182 km. Главни оски на државната патна мрежа претставуваат двата Пан-европски коридори, Коридор 8 (исток – запад) и Коридор 10 (север – југ). Регионалните патишта обезбедуваат пристап до главните патни коридори и магистралната патна мрежа и заедно со локалните патишта се од големо значење за развојот на локалната економија, привлекувањето на нови инвестиции, мали бизниси и земјоделски активности низ земјата. Во моментот, вкупната должина на патната мрежа во државата изнесува 14.182 km, од кои многу мал дел, само 242 km, се класифицирани како автопат.
Изградбата на новите делници од Коридорите 8 и 10 д, се од големо значење за граѓаните, еконоијата, бизнисот… затоа што ќе бидат изградени уште 110 километри нов автопат. Со добрата инфраструктура се зголемува безбедноста во сообраќајот, а корист имаат и трговијата и економијата како и сите останати бизниси. Пристапот или побрзиот и побезбеден пристап до одредени градови во внатрешноста на земјата овозможува и поголем проток на производи, особено производи од нашите земјоделци чиј рок на трање е пократок отколку на индуструјата и поголема достапност до нив. Преку побзиот и поекономичен пристап до семиња и ѓубрива, земјоделците исто така ќе имаат корист, затоа што транспортот на производите досега имаше голема цена и потребните суровини беа скапи и неисплатливи.
Со изградбата на Коридорите треба да се обезбеди подеднаква брза достапност на пристаништата во соседните земји, како на пример до Драч – Албанија. Ова ќе обезбеди уште една конкуренција на пристаништето во Солун, кое досега беше единствениот избор.
За трговците ова ќе значи поголема достапност до нашата земја и поголем избор на видови транспорт, особено копнен, а за земјоделците поголема побарувачка.
Најзначајни партнери на Македонија и за извоз и за увоз се балканските земји, Србија, Kосово, Хрватска и Босна и Херцеговина, каде што се извезуваат 52 отсто од вкупната храна што се извезува.
Извозот на зеленчук е насочен кон Србија, Хрватска, Полска, Украина, Албанија, Бугарија, Kосово, Белорусија и Ирак. Во однос на извозот на овошјето доминантно е учеството на јаболката, а со помали вредности се јавуваат јаткасто овошје, агрумите, грозјето и друго.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје на минатата 2022 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесува 9. 344 551 илјади денари и во однос на истиот период од претходната година е зголемен за 58.4%.
Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 82.4%, додека кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство e забележано зголемување за 10.2 %.
Зголемувањето е забележано кај сите производи, освен фуражните растенија, грозјето и добитокот.https://centar.mk/