Висина на субвенции во лозарството за 2023 година
Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади
Институциите се подговени за стартот на новиот модел на субвенционирање.
На сајтот на АФПЗРР е објавена УРЕДБА ЗА ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ДИРЕКТНИ ПЛАЌАЊА,
КОРИСНИЦИТЕ НА СРЕДСТВАТА, МАКСИМАЛНИТЕ ИЗНОСИ И НАЧИНОТ
НА ДИРЕКТНИТЕ ПЛАЌАЊА ЗА 2023 ГОДИНА
Ви пренесуваме дел од уредбата, што се однесува на директните плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади и за дополнителните субвенции за остварено производство на грозје.
1.12. Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади
-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат површини под лозови насади и се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства,
-Минималната површина под лозови насади е 0,2 ха, а минималниот потребен број на садници е 1.389 садници по хектар, за лозови насади подигнати до пролет 2022 година,
-Висината на директните плаќања изнесува 12.000 денари по хектар за сите лозови насади и
-Висината на поддршката од алинејата 3 од оваа подмерка се намалува со зголемување на пријавените површини и тоа: од 0,2 ха до 10 ха 100%, од 10 ха до 30 ха 60% и над 30 ха 30% збирно за сите сорти.
1.13. Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.12. за остварено производство на грозје
-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои се корисници на подмерката 1.12 од оваа уредба, а оствареното производство на грозје е предадено на регистриран откупувач вклучително и произведеното грозје за потребите на сопствениот преработувачки капацитет или производството е користено за домашни потреби или е продадено на пазар,
-Висината на дополнителните директни плаќања изнесува 28.000 денари по хектар и
-Висината на поддршката од алинејата 2 од оваа подмерка се намалува со зголемување на пријавените површини и тоа: од 0,2 ха до 10 ха 100%, од 10 ха до 30 ха 60% и над 30 ха 30% збирно за сите сорти.https://agrotim