Дренка-двојно повеќе витамин Ц од портокалите, ама ретко кој ја сади во Македонија
Мал е бројот на луѓето кои подигаат садници со дренки во Македонија.
Мал е бројот на луѓето кои подигаат садници со дренки во Македонија.
Интересот за засадување дренки е слаб. Oд Опитно Поле ФЗНХ Дооел Скопје велат дека порано речиси и да немаше куќа која не поседуваше дренка во својот двор, бидејќи се веруваше дека тоа го штити домаќинството и носи здравје на целото семејство. Денес ретко кој ја има во својата градина, а не се ни размислува за комерцијално одгледување, иако тоа е дрвце чии плодови му помагале на човекот низ историјата.
„Производство на дренки значи обезбедување на безбеден пласман за производот, односно за производителите на мармалад, слатко, компот, сокови, а друг начин да се обезбеди профитабилност на одгледувањето дренки е производство на домашна ракија, вино и пијалок од дренки. Во нашиот расадник застапеноста на саден материјал од дренка е незначителен, во текот на една садна сезона се продаваат околу 50 садници и тоа поединечно ( продажба на мало ), и садниот материјал е узвоз од Грција. Сертифициран саден материјал од дренка се наоѓа и во соседна Србија. Цената на еден садник се движи од 5 до 7 евра. Интерес за подигање на насад од дренка кај нас скоро и да нема, во текот на годината се случува некои да се интересираат, но обезбедувањето на саден материјал е потребно да се резервира многу порано и исто така најголем проблем им е откупот“, рече Елизабета Митровска од Опитно поле.
Објаснува дека дренката е дива листопадна грмушка, а може да биде и мало дрво, кое претпочита локација што нуди сонце, иако не ѝ пречи делумна сенка. Самото дрво е густо, за разлика од другите дрвенести растенија.
„Оваа густина, исто така, дава голема сила на дренот. Во висина може да достигне до 8 метри. Тоа е грмушка која најрано цвета, а жолти цветови се појавуваат пред лисјата. Цветовите потоа формираат јастиви црвени плодови кои ќе донесат птици и пчели во вашата градина. Црвеното овошје по форма и големина наликува на маслинки. Во европската кујна се користи за чај, супи, џемови, сосови, а кај нас е позната и ракијата од дренка. Кога е незрело, плодот е многу кисел, а плодовите може да се јадат свежи или сушени само кога се целосно зрели, што е на почетокот на есента, кога ќе достигнат плодите темно црвена боја. Поради раното цветање, дренот се користи во градините како украсно растение. Меѓутоа, ако сакате да ги собирате плодовите, би било подобро да засадите повеќе растенија бидејќи дренот не е вешт за само-ѓубрење, така што вкрстеното ѓубрење би било побезбедно“, вели Митровска.https://faktor.mk/