Започнува соработка меѓу земјоделските инспекторати на Македонија и Италија – заедно до повисоки стандарди во контролата на земјоделските производи
Државниот инспекторат за земјоделство ќе продолжи да ја унапредува воспоставената пракса во понатамошниот период за одржување на успешна комуникација со другите релевантни органи и институции од регионот и пошироко во Европа.
Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство на Северна Македонија м-р Јане Станкоски и директорот на Централниотинспекциски оддел за заштита на квалитетот и за заштита од измами кај земјоделско-прехранбените производи при Министерството за земјоделство, прехранбен суверенитет ишумарство на Република Италија Феличе Асентза, македонскиот и италијанскиот амбасадор, Мемеди и Силвестри, потпишааМеморандум за разбирање во областа на контрола на земјоделски производи.
Преку овој Меморандум двете држави ќе воспостават постојан канал на соработка соцел да се подобрат стандардите за контрола на прехранбените производи, на ознаките нахраната, на органските производи, на географските ознаки за вина, за ароматизирани вина,за прехранбени производи и за јаки алкохолни пијалоци и на снабдувањето наземјоделските стопанства.
Меморандумот обезбедува услови за размена на податоци, искуства и добрипрактики во насока на заштита на потрошувачите.Преку размената на искуства се очекува да се зголеми ефикасноста во намалување на нивото на прекршување на законската регулатива поврзана со трговијата на прехранбени производи и со географските ознаки.
Државниот инспекторат за земјоделство ќе продолжи да ја унапредува воспоставената пракса во понатамошниот период за одржување на успешна комуникација со другите релевантни органи и институции од регионот и пошироко во Европа.