fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиСовети

Необичен совет од лекар за топлото време – јадете помфрит и салама

Кога се потите, не губите само течности, туку и важни соли, односно електролити. Освен тоа, се пијат многу течности, со што се разредува крвта.

Кога времето е топло, многумина имаат проблеми со циркулацијата. Еден германски доктор има необичен совет за спречување на ваквите здравствени проблеми. Кога се потите, не губите само течности, туку и важни соли, односно електролити. Освен тоа, се пијат многу течности, со што се разредува крвта.

– Разредената крв и помалото количество електролити лошо влијаат врз телото – изјави Томас Кипер, специјалист за медицина од универзитетската болница во Ахен, Германија, пренесува Факултети.мк.

Според него, сето ова може да го доведе телото до колапс. Затоа, тој советува јадење помфрит и салами за да се надоместат изгубените електролити и минерали. Тој советува и консумирање спортски пијалаци со електролити или мешање вода со електролити купени од аптека.

Лекарот открива и дека преферира да јаде салами или слични производи за вечера.Германскиот центар за здравство советува и пиење 2-3 литри течности дневно, дури и доколку не чувствувате жед.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close