Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Трипуновски најавува исплата на заостанати субвенции – 500 милиони денари за растително производство од мерката 8
100 милиони денари за помош за поддршка на трошоците за набавка на горива за земјоделска механизација за земјоделските стопанства од мерка 11 според заостаматите обврски по мерки од Програмите за финанскиска поддршка во земјоделството од 2020, 2021, 2022 и 2023 година.
Министерот Цветан Трипуновски објави
600 милиони денари за заостанати директни плаќања за македонските земјоделци!
На денешната трета седница на Влада се донесе одлука со која се направи пренамена во програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година со која се обезбедуваат преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство 600 милиони денари за дополнителни директни плаќања за земјоделците за растително и сточарско производство кои до сега биле неисплатени.
500 милиони денари ќе се пренаменат за растително производство од мерката 8 и 100 милиони денари за помош за поддршка на трошоците за набавка на горива за земјоделска механизација за земјоделските стопанства од мерка 11 според заостаматите обврски по мерки од Програмите за финанскиска поддршка во земјоделството од 2020, 2021, 2022 и 2023 година.
Го реализираме ветеното, секогаш на страната на македонските земјоделци!