fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаСоветиТоп вести

Николовски за 100 дена Влада: Нула мерки и закочени субвенции

Закочена ви е исплатата на субвенциите. Ресорниот министер лаже дека има 1 милијарда денари заостанати долгови.

За 100 дена, Владата на Христијан Мицкоски и коалицијата, не презентираше ниту една конкретна мерка за поддршка на земјоделството. За 100 дена видовме само тотална безидејност, непрофесионалност и незаинтересираност за секторот. Ресорниот министер е претворен во партиски мегафон. Се занимава со реваншизам кон вработените и секојднево пласира лаги за да ја задскире својата неспособност, вели пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски.

– Да ве потсетам дека со ребалансот ги намаливте средствата за најголем дел од програмите. Закочена ви е исплатата на субвенциите. Ресорниот министер лаже дека има 1 милијарда денари заостанати долгови. Но, да повторам, СДСМ остави чиста сметка, со нула долгови. Тоа што треба да се досиплати за што и обезбедија пари со ребалансот, се субвенциите за тековната програма, за 2023 година. Зошто и по два месеци од ребалансот, се уште земјоделците немаат субвенции? 100 дена ВМРО ДПМНЕ не објави ниту еден јавен повик за ниту една мерка од ниту една програма. Но, нивната безидејност оди до таму, што укинуваат мерки кои се во интерс на земјоделците, како што е авансната исплата на субвенциите. Во 2023 година, Владата на СДСМ, воведе предвремена аванска исплата на субвенциите, за која актулната власт најави укинување на овој модел, рече Николовски.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close