fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Тетовскиот грав е жртва на климатските промени и празните села

Насер Џемаили, производител на тетовски грав

  • Една рака грав, полно тенџере вода, малку зачини и здрава храна за целото семејство. Вкусот добива на цена, особено ако гравот е тетовски, пишува https://doma.edu.mk

Но, ако во минатото овој специјалитет често бил на трпезата, бидејќи го имало во изобилие, тој сега веќе станува луксуз – го има сѐ помалку и неговата цена вртоглаво расте. Денес за вистински тетовски грав се плаќа и по 300 денари за килограм.

Но, кој би рекол дека во блиска иднина ќе нема пари со кои би се купила оваа култура, бидејќи од година в година сѐ помалку ја има.

Во потрага по тетовски грав, патот нè донесе во Вејце. Селото познато по компири, сега станува плодна земја и за грав. На 1.100 метри надморска висина, каде што плени убавината на Шара, на стрмна почва, Насер Џемаили бере крупни бели зрна тетовски грав. Насадиле неодамна, откако сфатиле дека поради сушните лета во селата околу градот, гравот се суши.

„Ако има повеќе дожд ни прави штета. Гравот не сака многу дожд, но не сака ниту многу високи температури. Ако летото е многу сушно, овде го наводнуваме и го држиме балансот на температурата. На пример горе не е многу жешко, во Шар Планина и затоа има повеќе грав. Еве, ова лето беше жешко, имаме садено и во село Теарце и во селата на Шар Планина. Долу немавме никаков род, а овде имавме и извадивме многу добра количина од овој што го насадивме овде“, објаснува Насер Џемаили, производител на тетовски грав.

Џемаили со неговата задруга годинава насадиле грав на 10 места низ Тетово. Пролетта однеле примероци во лабораторијата во Земун во Србија за да проверат кој има најголема хранлива вредност. На нивно најголемо изненадување, првите три места за зрна со најмногу протеини ги добил гравот насаден токму во шарпланинските села.

Целиот текст на https://doma.edu.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close