fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Од јануари поскапува струјата

Минимално поскапување на струјата од 1 јануари за 0,92 отсто

Од први јануари домаќинствата ги очекува минимално зголемување на цената на електричната енергија. Регулаторната комисија за енергетика денеска ги објави цените кои ќе важат за четирите тарифни блокови во следните шест месеци. Во првиот и вториот блок каде влегуваат најголемиот дел од домаќинствата цената за струја ќе им се зголеми за  помалку од еден отсто, во третиот блок корисниците ќе плаќаат сметки повисоки за близу два отсто. Најголемо зголемување ќе имаат граѓаните кои најмногу трошат електрична енергија, нивните сметки ќе бидат повисоки од сегашните за 2,2 отсто.

 

1 блок 0,68%

2 блок 0, 90%

3 блок 1,93%

4 блок 2,24%

Регулаторот вели дека во просек сметките за струја  ќе се зголемат за 0,92 отсто.

„Едно просечно домаќинство во државата кое има сметка од, да речеме од 2 300 денари, зголемувањето на цената на електричната енергија ќе му се зголеми за 21 денар. “ , Марко Бислимовски претседател на Регулаторната комисија за енергетика

Пред две недели  ЕВН ХОУМ или Универзалниот снабдувач до регулаторот  доставил предлог цената која требало да изнесува зголемување од 4,4 отсто. Регулаторот не ја прифатил. Бислимовски посочи и дека  со претходната одлука кога ја намалиле цената на мрежарината тоа отворило пат да имаат покомотна позиција во носењето на оваа одлука.

Инаку, дополнителен еден час дневна евтина тарифа до пролет со сигурност нема да има. Анализата на Регулаторната комисија за енергетика покажала дека засега за тоа нема економска оправданост. Иако, првичните најави беа дека ќе се зголеми времетраењето за еден час дневната евтина тарифа со стартот на оваа грејна сезона, тоа не се случи. Последните анализи покажуваат дека тоа ќе се разгледува дури на пролет.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close