fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Пиперката капија 23 денари на откуп – земјоделците разочарани

Земјоделец ни прати кантарна белешка

Производителите на пиперка капија се разочарани од откупот. Пиперките се ценат нереално. Земјоделец од Пелагонија ни испрати белешка и вели дека е брука што убавиот род се плаќа по мизерна откупна цена.

„Еве да и кажете на јавноста колку се пиперките на откуп, само 23 денари од килограм. Откупувачите ни ги земаат во втора класа. Ни треба поддршка на земјоделците. Јас садам 15 декари со пиперка капија а веќе на 4 декари имам ставено систем капка по капка.“, вели земјоделец за Зелена берза

Договорена е откупната цена на пиперката-Куртова капија за годинава, 45 денари за прва класа. Прва-втора класа 35 денари, втора класа 20 денари и 15 денари за килограм трета класа.

А.Б  Зелена берза

Слични написи

Back to top button
Close