Агро бизнисВестиТоп вести

Ново – Собранието ќе се произнесе по интерпелацијата за Трипуновски – на почетокот од мај

Во јавната преписка со опозицијата министерот Трипуновски истакна дека неговата интерпелација е неиздржана затоа што, како што рече, опозицијата е безидејна и и недостига сериозна конструктивност за да биде коректор на власта. А, со нарушување на угледот на министерот некој се обидува да гради личен рејтинг и да создаде привид на активност, дополни тој.

На почетокот на мај треба Собранието треба да се произнесе по интерпелацијата за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, што му ја поднесе опозицијата. Пратениците денеска ја добиле како материјал, а паралелно истото е испратено и до министерот Трипуновски, информираше денеска на брифинг со новинарите претседателот на Собранието Африм Гаши.  Според процедурата, Трипуновски има рок од 10 дена да одговори на поднесената интерпелација по што, за истата ќе биде ставена на дневен ред и за неа ќе се дебатира и гласа.

СДСМ поднесе интерпелација за министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски поради како што наведоа корупција, скандали и штетни политики. Според нив, тој е еден од најнеспособните министри, кој наместо да ги штити земјоделците, ги понижува, ги осиромашува и им се заканува. Обвинуваат дека не само што се кратело, туку цели мерки и програми за земјоделците се укинати или суспендирани.  Од СДСМ уште велат и дека интерпелацијата ја поднесуваат поради сериозни, континуирани и веќе процесуирани случаи на системска корупција, злоупотреба на службената положба, кршење на законите и обврските на министерот,како и сериозно нарушување на функционирањето на Министерството и институциите во ресорот што го води.

Во јавната преписка со опозицијата министерот Трипуновски истакна дека неговата интерпелација е неиздржана затоа што, како што рече, опозицијата е безидејна и и недостига сериозна конструктивност за да биде коректор на власта. А, со нарушување на угледот на министерот некој се обидува да гради личен рејтинг и да создаде привид на активност, дополни тој.

Паралелно, законот за правична застапеност во државната и јавната администрација, кој предизвика бура особено во албанскиот политички блок во земјава, се уште не е доставен до законодавниот дом во форма на предлог, но првиот парламентарец најави дека за таквиот предлог ќе инсистира на широка јавна расправа и нема да брза со неговото носење. „Каде што сме чекале 25 години за негово носење, можеме да почекаме уште некоја недела за да се создадат услови за што поинклузивна јавна расправа која на крајот би резултира со носење на квалитетно законско решение“, нагласи Африм Гаши.

– Advertisements –

Поврзани новости

Back to top button