Русите го бараат македонското сирење и кашкавал
Русија е заинтересирана за македонската храна. На овој пазар покрај овошјето и зеленчукот од сега ќе може да се извезуваат и млечните производи и преработките од месо. Лани биле продадени првите количетва сирење и кашкавал. По добрите резултати и побарувачката македонските производители го зголемуваат асортиманот на производите за извоз.
Со потпишувањето на меморандумот за соработка на нашите со руските фитосанитарни власти почна извозот на првите пратки на македонските млечни производи на овој голем пазар.
На почетокот се извезоа скоро 5.800 килограми овчи кашкавал, а во првите месеци од годинава уште 4.300 килограми кашкавал и 1.100 килограми сирење.
Исто така и вкупната трговската размена лани е со зголемена вредност на извезените земјоделски производи во Руската федерација и тоа за 72 проценти во однос на 2015 година.
Зголемувањето на вредноста во 2016-та година во вкупен износ од 30 милиони евра се должи и на поголемата продажба на јаболко, домати и на цигари.