fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

За шест месеци, Хоџа потрошил повеќе од 22.000 евра на кафе и ручеци

Хоџа вели денес ќе ја каже вистината

Министерот за земјоделство од редовите на Движењето БЕСА, Арјанит Хоџа од септември, кога беше назначен на функцијата до 28 февруари годинава, односно само за 6 месеци, потрошил 22.794 евра за кафе и ручек во Министерството за земјоделство, односно во бифето „Концепт БАР“, компанија за послужување кафе и храна што го доби тендерот од македонската влада, пишува порталот Шќип медиа.

– Имајќи предвид дека од минатата година сме во пандемија и буџетот на министрите е намален за трошоци, но за срамот да биде уште поголем е што дури и да не беше пандемијата, овие претерани суми за кафе и храна на министерот Хоџа се над границата на основните потреби. Од шест месеци кои имаат 180 дена, само 110 дена се работни денови, отстранете ги викендите, тука и празниците од септември до февруари, така што министерството на Хоџа има дневни трошоци за кафе и храна приближно 210 евра на ден, објави порталот Шќип медиа.

Хоџа вели не е вистина дека тој трошок е на министерот. Во текот на денешниот  ден ќе излезе со објава на точните податоци, вели министерот, Арјанит Хоџа во изјава за „Локално“

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close