fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Амбасадорката Агелер денеска беше во бачилото на Пармачки

Семејството Пармачки управува со фарма, која има околу 600 овци и истата се наоѓа на самиот влез од селото Будинарци, беровско.

Министерот Цветан Трипуновски објави дека заедно со американската амбасадорка, Н.Е. Анџела П. Агелер ја посетиле фармата Пармачки, која што е препознатлива во регионот по производство на разни сирења од овчо млеко.
Семејството Пармачки управува со фарма, која има околу 600 овци и истата се наоѓа на самиот влез од селото Будинарци, беровско.
Токму оваа фарма е доказ дека за жената дури ни земјоделството не е тешко.
Г-ѓа Пармачка користи владина поддршка за развојот на фармата, првенствено преку Програмата за рурален развој во рамките на мерките за механизација, Мерка 115 за активна жена членка во земјоделско домаќинство за производство на сирење, а сега во скоро време имаат набавено и машина за молзење преку програмата ИПАРД.
Министерството продолжува да ги надоградува мерките за жените од руралните средини.
Руралната жена е столбот на македонското општество!, објави Трипуновски
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close