fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Африканската чума ниту ќе го поскапи, ниту ќе го “изеде“ свинското месо!

Ако се реагира навреме африканската свинска чума нема да предизвика зголемување на цената и недостиг на свинско на пазарот.

Новите случаи на болеста африканска свинска чума во селото Моштица, Македонска Каменица, го вклучија алармот кај сточарите и кај граѓаните. Сточарите стравуваат од преголеми загуби поради уништување на свинскиот фонд, а граѓаните се исплашени и незнаат дали да го консумираат свинското месо. Експертите смируваат дека болеста не може да се пренесе на луѓето и нема никакви последици доколку дојдат во директен контакт со вирусот од живите свињи, свинското месо или месните продукти. Бидејќи не се работи за голем број случаи, велат дека ако се реагира навреме африканската свинска чума нема да предизвика зголемување на цената и недостиг на свинско на пазарот.

-Потрошувачите на свинското месо не треба да бидат загрижени и уплашени од оваа информација со оглед дека нема никаква опасност за нивното здравје. Со оглед дека болеста е фатална за свињите предизвикува огромни штети во свињарството, месопреработувачите, ловството, туризмот и полјоделството, економските штети од проширување на оваа болест се проценуваат на околу 180 милиони евра и потполно опустошени потсектори и голем број семејства без понатамошна егзистенција. Новата појава на болеста во регионот околу езерото Калиманци и Македонска Каменица, која е втора по ред кај домашните свињи, како и континуираното ширење на болеста кај дивата популација е алармантна состојба која бара високо ниво на детално организиран пристап на сите релевантни институции и поединци, изјави за весникот ВЕЧЕР, универзитетскиот професор Владо Вуковиќ и ги предупреди властите дека итноста е во часови и оти секој изгубен момент и непромисленост ќе не доведат во слична состојба како во соседна Бугарија и Романија, каде што оваа болест направи непроценливи економски штети.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека се засилени мерките против африканската свинска чума по потврдениот нов случај во селото Моштица.  Издадено е ново Решение со кои се наложува преземање контролни и заштитни мерки за сузбивање на болеста во заштитната зона околу жариштето, кое ги вклучува населените места Моштица, Македонска Каменица, Косевица, Саса, Цера и Костин Дол во Македонска Каменица.

– АХВ ги презема сите потребни активности, а за новото жариште се известени и Светската организација за здравствена заштита на животните (ОИЕ) и Европската комисија. Нашите стручни лица се на терен. Знаеме како да се справиме со оваа подмолна болест, која во поновата историја е најголемата пандемија кај домашните и дивите животни. Ако е веќе еднаш присутна, поради високата отпорност на вирусот, секогаш претставува опасност. Но, досега реагиравме навреме, сигурен сум дека и овој пат успешно ќе се справиме, изјави директорот Николче Бабовски.

Тој рече дека на одгледувалиштето во Моштица се спроведени сите потребни мерки за уништување на вирусот, а во тек е и спроведување епидемиолошка истрага за утврдување на причинителот. Мерки се преземаат и во зоната под надзор во радиус од 10 километри околу жариштето.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close