fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Годинашната тутунска реколта со подобар квалитет, се очекува и повисока откупна цена

До 2023 година цигарите двојно ќе поскапат

За оваа сезона е донесен и нов правилник за откуп, според кој тутунот главно ќе се откупува во три класи. За земјоделците е најбитно Земјоделскиот инспекторат да врши постојани контроли на терен и процената да биде реална, пренесува Слободен печат.

Годинашната реколта на тутунот е со подобар квалитет од ланскиот, обезбедени се средства за откуп, а се очекува да се постигне повисока откупна цена од ланската, вели за „Слободен печат“ Кире Станкоски, генерален директор на Тутунски комбинат Прилеп. Законскиот рок за откуп е од 15 ноември до 15 декември и дотогаш, според Станкоски, треба да заврши целата операција. Подготовките се завршени, поделени се картоните, а откупот на тутунот почнува доколку се подготвени нашите кооперанти, додаваат од ТК Прилеп.

-Договорените количини се некаде околу 23 милиони килограми, а ние обезбедивме средства за нашите 3.800 кооперанти. Се очекува многу подобар квалитет на ланскиот, како и нешто повисока откупна цена од ланската – информира Станкоски.
За оваа сезона е донесен и нов правилник за откуп, според кој тутунот главно ќе се откупува во три класи. За земјоделците е најбитно Земјоделскиот инспекторат да врши постојани контроли на терен и процената да биде реална.

До 2023 година цигарите двојно ќе поскапат

За потсетување, од 1 јули 2014 година стапката на специфичната и минималната акциза на цигарите се зголеми за 0,15 денари за цигара, а од 1 јули 2016 година заклучно со 1 јули 2023 година, пак, оваа стапка за цигарите ќе се зголемува за 0,20 денари за парче во секоја година. Ако се земе предвид дека во едно пакување сега има 20 цигари, тоа значи дека во просек, секоја година цената на една кутија цигари ќе се зголемува во просек по 4 денари или до 2023 година ќе има поскапување од 40 денари за кутија. Математички, ако една кутија цигари во 2014 година чинела 50 денари, последната година од поскапувањето нејзината цена ќе биде речиси двојно повисока. Цигарите последен пат поскапеа во јули годинава.

Поради новиот Закон за тутун од 2019 година, од ноември 2020 година сите пакувања сега содржат по 20 цигари, наместо 19 цигари.https://www.slobodenpecat.mk/godinashnata-tutunska-rekolta-so-podobar-kvalitet-se-ochekuva-i-povisoka-otkupna-cena/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close