Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја продлабочува соработката со Платежните Агенции членки на ЕУ
Aгенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во иднина ќе разменува искуства со вакви институции од земјите во ЕУ. Неодамна Директорот на агенцијата Николче Бабовски оствари средба со бугарскиот колега Васил Грудев
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во наредниот период ќе црпи искуство, за начинот на спроведување на земјоделските политики по европски стандарди и имплементирање на европското законодавство.
„За нас е од исклучителна важност проширувањето на соработката со Платежните Агенции на земјите членки од ЕУ. Ова е продолжување на веќе воспоставените соработка со Платежните Агенции на Хрватска и Словенија. На овој начин, правиме се за да ги добиеме најдобрите искуства од сите Платежни агенции кои веќе се дел од ЕУ. “ -истакна Бабовски. Како што соопштуваат од агенцијата целта е навреме да се воспостави институционален систем кој ќе може да работи по правилата кои се утврдени од страна на ЕУ а се во насока Република Северна Македонија подготвена да ги дочека преговорите со ЕУ како и стекнување на статусот полноправна членка. Директорот на Платежната Агенција на Бугарија, Грудев истакна дека спроведувањето на шемите и механизмите за финансиска поддршка и апсорпција на европските средства се од огромно значење не само за Бугарија туку и за цел регион. „Преку модернизација на земјоделските стопанства се зголемува конкурентноста на земјоделските стопанства на двете земји. Бугарија има искуство во градење на административен капацитет на Платежната Агенција како модел на европска институција која строго управува и го контролира трошењето на европските средства.“ – истакна директорот на Платежната Агенција на Р. Бугарија.
|