fbpx
ВестиТоп вести

Агриви – Најмоќниот софтвер за управување со земјоделско производство

 

Како да направите сеопфатна анализа на сите активности во вашето производство ? Ова е можно со Агриви – најмоќниот софтвер за управување со земјоделско производство . Наскоро Агриви ќе биде достапен и за македонските земјоделци. Зелена берза се обидува сите новини да им ги доближи на земјоделците. Претставници од здружението ќе присуствуваат на презентација поврзана  со овој софтвер, така што сите земјоделци ќе бидат накнадно информирани за сите предности што овој софтвер ги нуди. Софтверот може да се применува во сите секотори  од земјоделското производство. Садење, прскање, оплодување, наводнување, берба и други активности може да се управуваат само со неколку кликнувања. Агриви нуди анализа на сите податоци со што ќе може да се донесе вистинска одлука во вистинско време. На сите земјоделци кои сакаат да имаат современо производство Зелена берза ќе ги  доближи до Агриви.

Очекувајте дополнителни информации од Ваша Зелена берза.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close