вестиСоветиТоп вести

Агрохемиска анализа на почва

Зошто се зема почвена проба за агрохемиска анализа?

Агрохемиската анлиза е важна алатка за одредување на потребите на различните култури во поглед
на хранливите материи. Редовно земање на почвени проби и нивно испитување во лабораторија
може да ги следи промените и ефикасноста на прихраната која се применува. Точноста на
резултатите од агрохемиската анализа зависат од тоа колку е добра техниката на земање на
почвените проби и податоците и белешките за секоја земена проба. Користа од агрохемиска анализа
е повеќестрана- правилно, навремено ѓубрење на културите, зголемување на приносот, подобрување
на квалитетот на производите. Навремено ѓубрење со точно одредени количини вештачки ѓубрива го
намалува загадувањето на почвата и подпочвените води со неискористените ѓубрива кои се
употребуваат на земјоделските површини.

Кога се зема почвена проба за агрохемиска анализа?

Зависно од културата и целта почвените проби се земаат во пролет или есен. Најдобар период за
земање е на три месеци пред сеидбата или садењето. Доколку условите тоа не го дозволуваат може
и на неколку недели пред садењето.

Општи правила за правилно земање на почвени проби без разлика на културата
која се одгледува

Потребен е чист алат за земање на почвената проба (теренско сврдло или сонда, лопата, ашов,
копач), нож, мало лопатче, дрвено метро, пластична кофа, најлон кеси за земање на пробите, хатиени
ливчиња на кои се бележат податоци за пробата.
Се скицира мапа на површината и се определува од кој дел се зема пробата.
Од деловите на површината што се различни по изглед, ѓубрење или култивирачки практики, тип на
почва, наклон и сл треба да се земат одделни проби. Да се внимава да се избегнат мали, ниски,
влажни делови како и делови од површината кои се блиску до дрвја, патишта или огради. Не треба
да се зема почвена проба блиску до купови со арско ѓубриво и складови со вештачко ѓубре.

Земање почвена проба од површина која е со различни карактеристики:
а) при видливи разлики во бојата или составот на почвата од парцелата, движењето треба да е по
цик-цак линија, се земаат неколку проби и се припремаат три унифицирани проби.
б) ако има висинска разлика или наклон на парцелата по случаен избор се земаат неколку проби и се
припремаат две унифицирани проби.
Примероците треба да се земаат од површини или делови од површини кои се униформни и можат
да се третираат како една единица.
Земање на почвената проба да се направи со најсоодветна алатка. Ако почвата е влажна или со
камења подобро е да се користи сврдел или ашов отколку со цилиндрична сонда.
Секоја алатка за земање проби секогаш треба да биде чиста, како и пластичната кофа и најлон кесите.
Посебните почвени проби може да се земаат по цик-цак линија, W, X модел или пак по случаен
избор, зависно која култура се одгледува, типот, униформноста на површината и др.
Без разлика кој модел се користи крајната унифицирана почвена проба треба да биде
репрезентативен примерок од почва за површината за која се испитува.
Пред земање на пробата треба да се расчистат растителните остатоци.
Кога пробата се зема со цилиндрична сонда, цилиндарот се турка во почвата до саканата длабочина
и се собираат посебни проби.
Кога се користи ашов се прави дупка во облик на V на длабочина препорачана за соодветната култура
и се отсекува парче со дебелина 2-3 см од едната страна на дупката по целата длабочина до која се
зема пробата. Од парчето се зема средината со широчина 2-3 см и се става во пластична кофа. Ова
претставува една проба- посебна почвена проба која учествува во создавањето на конечна
унифицирана проба.
Унифицирана почвена проба е пробата која се носи во лабораторија и на која се врши агрохемиска
анализа. Таа содржи почва од посебните почвени проби кои се земени од различни делови на
површината која ја испитуваме.
Ако конечната унифицирана почвена проба е уште влажна, пред да се испрати на анализа треба да се
просуши на воздух.
Земање почвена проба од ораница
Длабочина на земање 20 см.
Метод на земање- цик-цак или по случаен избор при што се земаат 5-20 посебни проби.
Посебните проби се собираат во кофа, грутките се раскршуваат, се одстрануваат крупните растителни
остатоци и камењата и добро се меша до конечна унифицирана проба.
Унифицираната проба тежи 1-1,5 кг и се праќа во лабораторија на агрохемиска анализа.
Најлон кесата со унифицираната проба се става во друг најлон и во неа се става хартиено ливче на
кое со молив се запишани податоци за пробата ( име на земјоделецот, парцелата од која е земена
пробата и датум на земање). Во прилог на пробата се доставува и соодветен формулар за земање
почвена проба. Тој формулар содржи и други податоци како на пример: претходна култура што се
одгледувала и принос од неа, култура која се планира да се одгледува и планиран принос и др
податоци. Формуларот се добива од лабораторијата за вршење агрохемиска анализа.
АПРЗ РЕ Струга
Слаѓана Калајџиеска Бебекоска
Советник

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close